Разлика помеѓу преработките на „Peer-to-peer“

Додадени 82 бајти ,  пред 10 години
нема опис на уредувањето
Од доцните 60-ти до 1994 година, [[интернет]]-мрежата имала еден модел на конективност. Претпоставката била машините да бидат постојано вклучени, постојано поврзани и со доделена постојана, статична IP адреса.
Првичниот [[DNS]] систем бил дизајниран за ваква средина, каде што промената на [[IP]] адреси се претпоставувало дека ќе биде абнормална и ретка појава. Меѓутоа, во средината на 90-тите години интернет-мрежата буквално експлодира, стекнувајќи огромен број корисници, кои се приклучуваа преку [[http://en.wikipedia.org/wiki/Dial-up_Internet_access dial-up]] конекција.
 
Сето ова придонесе да се смени структурата и начинот на кој се разменуваат информациите на глобалната мрежа, а интернетот ја изгуби својата првична peer-to-peer природа. Меѓутоа, со појавата на [[http://en.wikipedia.org/wiki/Napster Napster]] во [[1999]] година, климата повторно почна да се менува, а P2P мрежите, условно кажано, се вратија „во живот“. Членовите на Napster заедницата можеа да преземат апликација за пребарување на локалните хард-дискови на останатите корисници, со цел да пронајде, а потоа и преземе [[МР3]] податотеки директно од другиот „јазол“.
 
До крајот на годината сервисот стекна милиони членови, но и многу непријатели, пред сe, од забавната индустрија, кои претрпуваа големи загуби поради активноста на Napster. По долги битки во судницата, сервисот престана со работа во 2001 година, но неговото „дело“ продолжи преку [[Kazaa]], [[Gnutella]], [[Audiogalaxy]], [[iMesh]] и слични.
6

уредувања