Протестантство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 87:
* Христијаните протестанти сметаат дека Десетте заповеди (2 Мојсеева) забрануваат да се изработуваат ликови за поклонување: “Не прави за себе идол, ниту каква слика на она што е горе на небото, што е долу на земјата и што е во водата под земјата.” Во 3 Мојсеева (26:1) според нив, е запишано: “Не правете ракотворнн ликови ни делкани и не издигајте столб и не нпоставувајте во земјата камења со знаци, за да им се поклонувате, зашто Јас сум Господ вашиот Бог.”
* Протестантите претпочитаат да го следат Исус. Евангелските верници велат дека во Писмото нема примери каде што некој се моли на Марија или на светци. Тие сметаат дека Библијата забранува да човекот се моли на човек, кој починал: “Да не се најде човек пред тебе...што повикува мртви.5 Мојсеева (18:10-12)”. Евангелско - протестантските цркви сметаат дека Марија била прекрасен пример на христијанска послусност спрема Бог и дека останала девица се додека не се родил Исус. Докази во врска со тоа го наведуваат Евангелието според Матеј (1:25), каде се зборува дека нејзиниот сопруг Јосиф не ја спознал (не спиел со неа) се додека не го родила својот Син првенец, а во други сгихови од Библијата се спомнуваат браќата и сестрите на Исус (Матеј 12:46,13:55-5; Марко 3:31; Јован 2:12, 7:3). Евангелско - протестантските цркви не веруваат дека Марија била безгрешна, бидејќи во Евангелието според Лука (1:47) таа го нарекува Господ свој Спасител, според тоа не би и бил потребен Спасител, ако била безгршна.
* Протестантите ги применуваат повеќето поставени историски црковни собори, но не ги сметаат за безгрешни. Таквото однесување е втемелено врз фактот дека некои одлуки кои се донесени на двата последни Никејски собори си противречат едни на други во врска со иконите. На првиот донесен во 754 година, користењето на икони било забрането, а на вториот донесен во 787 година, било решено дека користењето на икони е неопходно. Протестантите ги применуваат решенијата на Соборите само тогаш кога тие се во согласност со учењето на Библијата.
* Протестантите не веруваат дека во моштите на светците има некаква посебна сила, бидејќи Библијата не учела на ова. Протестантите сметаат дека случајот со коските на Елисеј, преку кои воскреснал мртовец (4 Царства 13:21), не било ништо друго освен исполнување на Божјото ветување дадено на Елисеј, а тоа е дека Елисеј ќе има двојно поголемо помазание од она на Илија (4 Цараства 2:9). Чудата кои се случиле по смртта на Елисеј двојно ги преминало чудата направени од Илија. Протестантите сметаат дека Библијата нема други укажувања за тоа дека хрнстијаните треба да ги почитуваат телата на умрените, затоа и не постапуваат така.
 
== Видете исто така ==