Протестантство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 33:
Црквата на Англија или Англиканската црква е официјална [[христијанство|христијанска]] црква<ref>{{цитирана веб страница| |url=http://www.cofe.anglican.org/about/history/ |title=The History of the Church of England |publisher=The Archbishops' Council of the Church of England|accessdate=2006-05-24}}</ref> во [[Англија]] и мајка-црква на англиканските цркви ширум светот.
 
Црквата на Англија се смета себеси и за [[римокатоличка црква|католичка]] и за реформирана ([[протестантизам|протестантска]]): католичка е бидејќи смета на својот континуитет од апостолските и средновековните времиња и се потпира на најраните учења на првите црковни татковци, особено на Апостолскиот, Никејскиот и Атанасијскиот Завет.<ref>http://www.cofe.anglican.org/about/churchlawlegis/canons/church.pdf</ref> Покрај тоа, таа е и реформирана бидејќи го примила влијанието на некои доктринарни принципи од [[Протестантска реформација|Реформацијата]] од [[16 век]]. Ова се гледа од 39-те прописи воспоставени од кралицата [[Елизабета I]] како дел од помирувањето на религијата во Англија. Католицизмот бил повторно воспоставен под власта на [[Мери I]], но Елизабета била протестантка, па според тоа се залагала за создавање на [[протестантизам|протестанска]] црква. Со таа цел во 1559г. парламентот расправал за реформските акти и за создавањето на протестанската црква. Реформскиот акт предвидувал службата во црквата да се врши спротивно од [[римокатолицизам|римо-католичката]], се исклучувало читањето на името на [[папа]]та и се предвидувало свештениците да не ја носат црната одора на католичките свештеници. На протестанските свештеници им се дозволувало да стапуваат во [[брак]], се забранувале слики во црквите и се признавала Елизабета како Врховен управник на црквата на Англија. Актот се соочувал со голем отпор во [[Горен дом|Горниот дом]] како и од католичките бискупи кои гласале против него. Па така во многу го измениле актот, додавајќи ја римокатоличката служба како легална во сите цркви и одбиле да ја признаат Елизабета за врховен управник на [[Англиканската црква]]. По празнувањето на [[Велигден]] парламентот продолжил со работата и се расправало за двата нови акта кои ги има предложено владата, [[Акт за врховна власт|Актот за врховна власт]] и [[Акт за униформност|Актот за униформност]]. Првиот акт ја подврдил Елизабета како врховен управник на Англиканската црква. Врховен Гувернер била поприкладна титула што фактички ја направило Елизабета врховен господар на црквата, без притоа да и пишува титуларно. Ова било многу важно бидејќи луѓето во [[XVI век]] едноставно не можеле да прифатат една жена да биде главна на црквата во некоја држава. Вториот едикт, [[Акт за униформност|Актот за униформност]], требало попретпазливо да се донесе, за разлика од остатокот од реформацијата на политичкиот и религиозниот живот во [[Англија]]. Предвидувал строги закони за католиците, се исклучувало името на [[папа]]та од црковните служби и се дозволувала и протестанската и римокатоличката [[литургија]] во црквите.
 
Обичаите и литургијата во Англиската црква се засноваат на постарите католички традиции, но се осовременети под влијанието на Реформацијата.<ref>http://www.cofe.anglican.org/about/churchlawlegis/canons/church.pdf</ref>