Протестантство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 42:
 
Според статистичките податоци кои ги објавил баптистичкиот статистички завод, во светот има околу 90.000.000 верници. Оваа верска заедница била основена од страна на [[Џон Смит]], кој живеел во прогонство во [[Амстердам]]. Најпрвин Смит сметал дека која било форма на читање од книга за време на молитва е измислица на грешниот човек. Затоа баптистите денеска ја отфрлаат литургијата, молитвата, пеењето и проповедањето бидејќи истите морало да бидат целосно спонтани. Смит одел дотаму што не дозволувал читање на Светото Писмо за време на клањање. Ова произлегува од неговото верување дека клањањето требало да биде по наредба на [[Светиот Дух]].
 
Смит го измислил двостепениот поредок во црквата, пастор и ѓакон, за разлика од Реформистите кои имале тристепен поредок. Со своите нови гледишта за крштението, кај него се појавила голема загриженост. Тој и неговите следбеници биле крстени како деца, а тоа не им пасувало на учењето. Затоа извршиле ново крштение. Тие биле првите верници на ова движење, па не постоел некој да го изведува крштевањето. Смит решил да се крсти самиот, и го сторил тоа, а потоа почнал да ги крштева и своите следбеници.
 
===Методизам===