Страдањата на младиот Вертер: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
+ содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 3:
 
==Инспирација==
Ова дело има своја подлога од животот на Гете. Во [[1772]] година тој се пресеилил во Вецлар, каде работел како писар, и требало по желба на татка си да се оддаде на правничката кариера. Во романот ја опишал кралската судска институција во која работел. Таму тој се запознал со двајцата секретари Кестнер и Јерусалем. Меѓу нив се случила историјата што послужила како основа за делото.
 
Кестнер тајно се верил со 15 годишната Лота, која Гете ја запознал и се вљубил во неа. Но кога дознал дека е вереница на пријателот, се обидел да ги контролира своите чувства, и тие продолжиле да другаруваат, иако Кестнер и Лота забележале што се случува во душата на поетот. Во моментот кога Гете веќе не бил во состојба да се бори со себе, заминал од [[Вецлар]], оставајќи му трогателно писмо на својот пријател. Се вратил во [[Франкфурт]], и додека се обидувал на своите впечатоци да им даде уметничка форма, добива вест за самоубиството на Јерусалем. Сето ова послужило како тема на познатиот роман.
 
==Кратка содржина==
Ред 15:
 
==За романот==
Младиот Вертер во книжевноста е првиот поголем претставник на сфаќањето на светот што се нарекува „светска тага“, и кое во почетокот на [[19 век]] завладеало во [[Европа]]. Вертер е прототип на оние јунаци кои ја прекриле Европа, дури до [[Русија]], со таен печат на челото, со своите несфатливи страдања, потресувајќи ги чувствителните женски срца. Вертер е возбудлив, чувствителен, фантазер. Тој е личност која стои на граница од нашето време и епохата во која владееле традицијата[[традиција]]та и авторитетот.
 
Романот го читала цела Европа. Луѓето се облекувале во неговиот костум, гробот на Јерусалем го посетувале со сентименталности.
 
Романот е пишуван во форма на дневник, омилената форма на сентименталните поети. Вертер е најкарактеристичниот производ на периодот [[Sturm und Drang]], кој завршува со најголемото дело на Гете, „Фауст“.
 
==Наводи==