Шарл Перо: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ново
 
+ содржина
Ред 14:
| website =
}}
'''Шарл Перо''' (12 јануари 1628 – 16 мај 1703) се смета за зачетник на модерната европска бајка. Адвокат по професија, покажувал жив интерес залитературата во своето време, заедно со неговите браќа Пјер и Клод. Живее во времето на [[класицизам|класицизмот]].
 
==Активности==
Со своите демократски уверувања, Шарл Перо се судрил со [[класицизам|класицистичката]] естетска доктрина на [[Никола Боало]]. Во тоа време во книжевноста владееле античките мотиви, т.н. висока уметност, правилен класицистички стих. Перо станува против аристократскиот класицизам, бидејќи е за воведување теми од современиот живот. Тргнувајќи од народната инспирација, но и надградувајќи го [[фолклор]]от со својот творечки дух, Перо на најдобар можен начин покажува колку се незаобиколни искуствата на народната традиција, се разбира доколку се користат за создавање на оригинални книжевни дела.
 
Во [[1696]] година, без потпис ја објавува својата прва сказна со наслов „[[Заспаната убавица]]“.
Во [[1697]] година ја објавува и првата книга под наслов „Приказни и бајки од стари времиња со поуки“. Покрај „Заспаната убавица“, во книгата се објавени уште седум бајки: „[[Црвенкапа]]“, „[[Мачорот во чизми]]“, „[[Пепелашка]]“ и други.
 
Бајките на Шарл Перо се општо прифатени како од децата, така и од возрасните, бидејќи исполнуваат неколку едноставни услови: напишани се едноставно, со убав јазик, со возбудлива содржина и со нескриена морална поука. Она по што се најзначајни бајките на Перо е дека оставиле длабоки траги во сето натамошно творештво за деца. Нивното влијание се чувствува и во книжевната работа на [[Браќа Грим|браќата Грим]], на [[Андерсен]], [[Пушкин]] и други.
 
==Наводи==