Христо Делчев: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 14:
Христо Делчев е роден 1885 година во Кукуш, тогаш во Отоманската империја. Четврт по големина син на Никола Делчев и Султан Делчева, а негови браќа се [[Гоце Делчев|Гоце]], [[Димитар Делчев|Димитар]] и [[Милан Делчев]]. Завршил гимназија во Кукуш. Работел како продавач на манифактура. Влегува во [[Македонска револуционерна организација|Организацијата]] и станал член на Кукушкиот револуционерен комитет.
При избувнувањето на [[Првата балканска војна]] во 1912 година, Христо Делчев бил доброволец во [[Македонско-одринско ополчение|Македонско-одринското ополчение]] и служел во Кукушко чета при 15 Штипска дружина<ref>Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 203.</ref>. По [[Втората балканска војна]], Делчев учествувал во создавањето на [[ВМРО (Автономистичка)|ВМРО]] и бил војвода во Кукушко. Во 1915 година земал учество во [[Валандовската акција]] <ref>[http://www.macedonia-science.org/page.php?89 Гоцев, Димитър. Национално-освободителната борба в Македония 1912 - 1915, Издателство на БАН, София, 1981, стр. 133 и 147.]</ref>.
 
Христо Делчев, оженет со три деца, се преселил да живее во [[Горна Џумаја]], со него подоцна живеел и неговиот татко Никола <ref>[http://www.promacedonia.org/ht/ht_p28.htm Удостоверение, издадено от д-р Хр. Татарчев и Христо Матов на Никола Делчев за участието на синовете му Гоце, Мицо и Милан Делчеви в националноосвободителното движение в Македония]</ref>. Христо Делчев умрел во 1927 година <ref>Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 44.</ref>.
 
== Извори ==