Партија на обединети демократи на Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 2:
{{викифицирање}}
 
[[Податотека:Podem logo.jpg|thumb|150px|Логото на партијата]]
ПОДЕМ е израз и олицетворение на идејата, тежнението и практичното однесување на голем број политички профилирани и со својот авторитет и морален кредибилитет потврдени граѓани на Македонија, неоптоварени од култот на личноста и посветени на авторитетот на организацијата. ПОДЕМ е политички субјект и средина во која граѓаните на Македонија, без оглед на нивната етничка, верска, стручна, социјална или која било друга припадност, ги обединуваат своите индивидуални способности и одговорности, чувството за припадност кон заедницата и изградената социјална и политичка одговорност, способност и подготвеност да понудат и изградат нова политичка алтернатива во справувањето со предизвиците на подемот во развојот на македонското општество и држава.
 
'''ПОДЕМ''' е израз и олицетворение на идејата, тежнението и практичното однесување на голем број политички профилирани и со својот авторитет и морален кредибилитет потврдени граѓани на Македонија, неоптоварени од култот на личноста и посветени на авторитетот на организацијата. ПОДЕМ е политички субјект и средина во која граѓаните на Македонија, без оглед на нивната етничка, верска, стручна, социјална или која било друга припадност, ги обединуваат своите индивидуални способности и одговорности, чувството за припадност кон заедницата и изградената социјална и политичка одговорност, способност и подготвеност да понудат и изградат нова политичка алтернатива во справувањето со предизвиците на подемот во развојот на македонското општество и држава.
Идејата за основање на Партијата на обединетите демократи на Македонија произлезе од непомирливоста со стагнациските состојби на македонската демократија, посебно во македонската политичка левица и е плод и резултат на заложбите за изградба на Македонија како современа демократска држава со општество во чија основа се вградени принципите на слободата, еднаквоста и рамноправноста, солидарноста, правдата, човековите права и сите други вредносни компоненти на демократијата. Зародишот на оваа идеја се лоцира во почетокот на јуни 2008 година, а нејзиното опредметување доби потврда на Основачкото собрание на Партијата на обединети демократи на Македонија – ПОДЕМ, што се одржа на Петровден, на 12 јули 2008 година во Прилеп.
За цврстината на одлучноста и за неповторливиот елан во остварувањето на идејата за заживување и дејствување на Партијата на обединети демократи на Македонија – ПОДЕМ, зборува самиот нејзин почеток. Веднаш по Основачкото собрание, само за 1 ден беа собрани 1007 писмени изјави на основачи на ПОДЕМ, со што беше задоволен законскиот минимум за регистрирање на политичка партија од 1000 основачи – полнолетни граѓани на Република Македонија, како што тоа се бара во член 11 од Законот за политички партии. Врз основа на ова и на другите неопходни документи, дефинирани во член 18 од Законот за политички партии беа основата врз која надлежниот Основен суд Скопје 2 на 29 јули 2008 година донесе Решение Партијата на обединети демократи на Македонија – ПОДЕМ да стекна својство на правно лице и право да може да започне со својата активност и работа.