Романска православна црква: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 9:
За разлика од останатите земји под отоманска власт, во Влашка и [[Молдавија]] биле сочувани слободите на богослужбите, градењето на нови храмови продолжило. [[Молдавија]] во [[1711]], а [[Влашка]] во [[1716]] година, започнале да бидат управувани од страна на грчки фанариоти. Црковниот живот бил подложен на хеленизација, црковнословенскиот јазик бил заменет со грчкиот, а во селата бил наметнет романскиот јазик.
СпореСпоред резултатите од [[Руско-турски војни|Руско-турските војни]] кон втората половина од [[18 век]], [[Руска Империја|Руската Империја]] добила право над христијаните во Романија. Во текот на Руско-турската војна од 1787-1792 година, од страна на рускиот [[Свет синод]] била создадена Молдавско-влашка егзархија. Еден од најпознатите митрополити бил Винијамин, кој застанал против власта на фанариотите и ја поздравил руската окупација на Молдавија. По овој период, Молдавија и Влашка стапиле под контрола на руската црква. Во [[1808]] година било одлучено да украинскиот митрополит Гаврил биде избран за егзарх на Молдавија, Влашка и [[Бесарабија]]. По потпишувањето на Букурешкиот мир, Бесарабија била припоена кон Русија, каде во [[1813]] година била основена Кишињевската епархија, на чие чело останал Гаврил.
 
По [[Грчка војна за независност|Грчката војна за независност]], султанот во [[1822]] година ја усвоил молбата да Влахија и Молдавија самостојно го бираат својот владетел. Така политичката зависност на Романија од [[Отоманската Империја]] започнала да опаѓа, а [[Франција]] и [[Австрија]] се повеќе станувале силни околу. Во [[1859]] година дошло до обединување на Молдавија и Влашка во [[Романија]]. За кнез бил избран фанариот [[Александар Куз]], кој бил под француски притисок, и извршил големи реформи против Православната црква.
Во [[1865]] година, црквата прогласила автокефалност, но [[Цариградската патријаршија]] ја признала дури во [[1885]] година. Во [[1918]] година, Романија ја анексирала Бесарабија. Во [[1919]] година, бил одржан собор на кој учествувале претставници од Романија, [[Трансилванија]] и [[Буковина]]. ///истатаИстата година бил усвоен и [[грегоријански календар|грегоријанскиот календар]].