Разлика помеѓу преработките на „Магарешки атентати“

нема опис на уредувањето
 
Се случиле повеќе вакви атентатии: во почетокот на 1912 година во [[Штип]], на 1 август 1912 во [[Кочани]], а кон крајот на истиот месец во [[Дојран]]. Целта на овие атентатии, е да се предизвика тусркиот фанатизам. Паралелно со атентатиите, продолжиле меѓусебните воружени пресметки на македонските револуционери. Во овој период бил убиен [[Добри Даскалов]] во Тиквешијата, делегат на Првиот конгрес на [[Народна федеративна партија|НФП]], соработник и истомисленик на [[Димитар Влахов]].
 
 
Како резултат од вакавата терористичка дејност на 4 декември 1911 година за помалку од еден час биле убиени над 20 христијани, а стотици биле ранети. Во првичните извештаи на кајмакамот на Штип до валијата на Косово актот на насилство на муслиманите врз христијаните го оправдувал со наводно поставената бомба наспроти ѕидот од џамијата при што биле повредени тројца муслимани од кои едниот починал.