Разлика помеѓу преработките на „Магарешки атентати“

Додадени 1.224 бајти ,  пред 10 години
нема опис на уредувањето
 
Но, по испитување на повеќе извори, Вилијам Хав, британскиот вицеконзул во Скопје, утврдил дека'' бомбата не била поставена спроти ѕидот на џамијата за време на молитвата, туку била донесена од страна на некој селанец, скриена во кола полна со продукти за пазар, и оставена до јавната вага на пазаришниот плоштад околу 9 и 30 часот наутро'' <ref>ДАРМ, М-1606, сн. 493-494, PRO FO 294/38, (Писмо од Вилијам Хав до Хари Лем), 13.12.1911.</ref>. Таа експлодирала неколку минути подоцна. Мали штети биле направени на ѕидот од соседната џамија. Неколку лица кои стоеле настрана, повеќето Турци, биле сериозно повредени, а еден од нив починал по три дена.
 
Според извештајот на епископскиот викар од Штип, ''по овој несакан инцидент, целата муслиманска популација, разлутена до краен степен, се нафрли врз невините христијани''. Голема толпа Турци, меѓу кои имало војници, полицајци и други државни службеници, вооружени со ножеви, пушки, револвери, секири, палки, чекани и др. удриле врз христијанското население дојдено да пазарува, со повиците ''Убијте ги каурите''. Во рок од половина час голем број христијани биле убиени и повредени. Во тој прв налет биле убиени 17 луѓе на лице место, тешко повредиле неколку десетици, а полесно околу 150. Вкупниот број изнесувал 302. Тројца од повредените починале подоцна од добиените повреди.
 
== Извори ==
<references/>