Евхаристија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нс
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
Светата Евхаристија (грчки: Θεία Ευχαριστία, Κοινωνία) во христијанската црква се вика Тајна на Тајните или Тајна на Црквата, кој која сѐ води, и од која сѐ произлегува. Таа е срце на црковниот живот, извор и цел на сите црковни учења и установи, и без неа Христијанството е незамисливо. Светите Отци на раната црква ја сметале за најважен и основен дел на црковнотото собрание, затоа што таа давала значење и смисол на сите богослужби. Во потесен смисол, во црквата ја означува благодарствената молитва пред осветувањето на лебот и виното во текот на литургијата.
 
== Симболика ==
 
Евхаристијата во црквата се разбира како вистинското тело и крв на Исус Христос. Според традицијата, тоа било создадено уште во времето на Тајната вечера (Матеј 26:26-28), (Лука 22:19), каде пишува:
 
{{cquote|И кога јадеа, зеде Исус леб, го благослови, го прекрши, па им даде и рече: „Примете, јадете; тоа е Моето тело.“ Потоа ја заеде чашата, заблагодари и им ја даде; и се напија од неа сите. И им рече: „Тоа е Мојата крв на Новиот завет, која се пролева за мнозина.}}
 
{{cquote|Вистина, вистина ви кажувам; ако не го јадете телото на Синот Човечки и не ја пиете крвта Негова, не ќе имате живот во себе. Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден}}
 
Според Библијата, оваа заповед, и оваа света тајна апостолите и првите христијани ја вршеле редовно.