Разлика помеѓу преработките на „Оксиди на јаглерод и глобално затоплување“

правописни грешки
с (Отстрането уредувањето на 92.53.61.40 (разговор), вратено на последната верзија на Sanja tasevska1988)
(правописни грешки)
Оксиди на јаглерод и глобално затоплување
 
1.Ефект на стаклена градинаградинааа е израз за загревање на планетата Земја кое настанало со пореметување на енергетската рамнотежа помеѓу количина на зрачење кое од Сонцето го прима и во вселената го зрачи Земјината површина. Ефектот на стаклена градина, кој во минатото беше благослов за Земјата, во последното столетие, засилен од човечките активности, се чини дека се претвора во сериозна закана.
Овој ефект се јавува како резултат на зголемување на количината на зрачењето кое од површината на Земјата не може да биде емитирано во вселената, туку атмосферата го апсорбира и станува потопла. Земјата мора да испушта енергија во вселената исто онолку колку што таа апсорбира енергија од Сонцето. Сончевата енергија пристигнува во форма на зрачење со помала бранова должина. Атмосферата на Земјата одбива дел (37-39 %) од оваа енергија, додека остаток (поголем дел) паѓа на површина на Земјата и ја загрева. Земјата се ослободува од оваа енергија, така што ја праќа назад во вселената во облик на инфрацрвени зраци (зраци со поголеми бранови должини). Поголем дел од инфрацрвеното зрачење, емитирано од земјината површина, се рефлектира од гасови што постојат во природата. Овие гасови спречуваат енергијата да помине кон вселената, така да зраците се враќаат назад кон Земјата и ја зголемуваат атмосферската температура. Оние гасови кои го задржуваат зрачењето се познати под назив стакленички гасови, а проблеми кои настануваат се познати под име глобално затоплување. Тоа се случува со атмосферата на Земјата во последниот век.
 
Гасови кои во најголема мерка придонесуваат за ефект на стаклена градина се следните:
• озон (O3)
• метан (CH4)
• водена пареа (H2O)
• јаглерод моноксид (CO)
• јаглерод диоксид (CO2)
• азотсубоксид (N2O)
• сулфур хексафлуорид (SF6)
 
Дополнително, емитирани се нови синтетички гасови како што се хлорофлуоројаглероди (CFC) или накусо халони и утврдено е дека и тие влијаат врз ефектот на стаклената градина. [4]
Анонимен корисник