Европска економска заедница: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување, ситна поправка
Ред 59:
 
== Инструменти на заедничкиот пазар ==
Како еден од најмоќните и највлијателни инструменти на Европската Унија која ќе гарантира развој и оддржливост на заедничкиот пазар е [[Европска инвестициона банка|Европската Инвестициона Банка]]. Создавањето на ЕИБ беше дел од основачкиот договор на Европската економска заедница, [[Договорот од Рим|Римскиот договор]] од 1957. ЕИБ мораше да се осигура дека растот нема да се концентрира околу областите што напредуваа додека назадните области (како италијанскиот Мецоџорно) да заостануваат. Некои држави-членки не беа спремни да ја создадат ЕИБ кога институција со слични задачи веќе постоеше: Светската банка. Сепак, политичкиот мотив да се основа институција покрај американски доминантната Светска банка, во опоравена Европа се покажа посилен. Досега ЕИБ е најголема од мултилатералните банки за развој, вредноста на одобрените заеми се зголеми од 35 милијарди евра во 1999 до 41 милијарда евра во 2000 година со тоа надминувајќи ја финансиската големина на Светската банка. Основна задача на ЕИБ е да придонесе во развојот на заедничкиот пазар на Европската унија. За таа цел, одобрува долгорочни заеми и гаранции. Дваесет проценти од заемите на ЕИБ ги сочинуваат т.н глобални заеми. Ова се заеми преку посредници, обично национални или локални банки, наменети за мали и средни претпријатија. Основна задача на ЕИБ е да придонесе во развојот на заедничкиот пазар на Европската унија. За таа цел, одобрува долгорочни заеми и гаранции. Дваесет проценти од заемите на ЕИБ ги сочинуваат т.н глобални заеми. Ова се заеми преку посредници, обично национални или локални банки, наменети за мали и средни претпријатија.
 
== Надворешни врски ==