Насочувачка табела: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
Кај [[сметачка мрежа|сметачките мрежи]], '''насочувачка табела''' ([[англ.]] ''routing table'' или ''Routing Information Base'', ''RIB'') е [[податок|податочна]] структура во облик на табела како објект сочуван во некој [[насочувач]] или вмрежен сметач со список на патишта до извесни мрежни одредишта, а во некој случај и метрика поврзана со овие правци. Насочувачката табела содржи информации за топологијата на мрежата и го води [[насочување (информатика)|насочувањето]] според потребите на корисникот. Конструирањето на насочувачките табели е примарна цел на насочувачките протоколи. Статичните патеки (''routes'') се записи во насочувачката табела со не-автоматско значење, коишто се фиксирани наместо да бидат резултат од некоја мрежна топологија.
 
Насочувачките табели обично не се користат за препраќање на пакети во архитектури на еден современ [[насочувач]], туку се користат за генерирање на информациите за помала препраќачка табела, која ги содржи само патеките што се избрани од страна на насочувачкиот алгоритам како приоритетни патеки за препраќање на пакети. Остатокот од нив ќе ги игнорира овие имплементациски детали, и ќе се однесува на целото насочување/препраќање на информациски подсистем како „насочувачка табела“.