Анри Динан: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: tt:Жан Анри Дюнан
с Бот Додава: jv:Henri Dunant; козметички промени
Ред 3:
'''Жан Анри Динан''' (фран. ''Jean Henri Dunant'') ({{роден на|8|мај|1828}} – {{починал на|30|октомври|1910}}), познат како '''Анри Динан''', бил [[Швајцарија|швајцарски]] бизнисмен и социјален активист. Во 1859 год., за време на деловно патување, бил сведок на последиците од [[Битката во Солферино]], во денешна [[Италија]]. Своите сеќавање и искуство ги запишал во книгата ''Сеќавање на Солферино'', која била инспирација за создавање на [[Меѓународен комитет на Црвениот крст|Меѓународниот комитет на Црвен крст]] (МКЦК) во 1863 година. Женевската конвенција од 1864 год. е базирана на идеите на Динан. Во 1901 год тој ја добил првата [[Нобелова награда за мир]] заедно со Фредерик Паси.
 
=== ''' Рани години и образование ''' ===
 
Динан бил роден во [[Женева]], [[Швајцарија]], како прв син на бизнисменот Жан-Жак Динан и Антоанет Динан-Коладон. Неговото семејство било
Ред 12:
Во 1849 год., на 21 година, Динан бил принуден да го напушти факултетот Келвин заради лошите оцени и започнал стажирање во банката ''Лулин е Сотер''. По неговото успешно завршување на стажирањето останал да работи во банката.
 
=== ''' Алжир ''' ===
 
[[FileПодатотека:Henry_Dunant-young.jpg|мини|десно|180п|Анри Динан околу 1860 год.]]
Во 1853 год. Динан ги посетил [[Алжир]], [[Тунис]] и [[Сицилија]], по должност на компанијата наменета за ,,колониите на Сетиф’’. И покрај краткото искуство што го имал, тој успешно ја извршил својата должност. Инспириран од патувањето, тој ја напишал својата прва книга со наслов ,,Извештај од регенството во Тунис’’(Notice sur la Régence de Tunis), издадена во 1858 год.
Во 1856 год., тој основал бизнис и притоа соработувал со странските колонии. Откако му била доделена концесија за земја од страна на Алжир, кој бил окупиран од Франција, една компанија за одгледување и тргување со пченка ја повикала Компанијата за финансии и индустрија. Сепак, правата за земјата и водата не биле точно означени, а колонијалните власти баш и не соработувале. Како резултат на тоа, Динан одлучил да поднесе жалба директно до францускиот цар [[Наполеон III]], кој во тоа време бил во [[Ломбардија]] со својата војска. Франција се борела на страната на [[Сардинија]] против [[Австрија]], која имала окупирано голем дел од денешна Италија. Седиштето на Наполеон било смeстено во малиот град [[Солферино]]. Динан напишал ласкава книга, полна со величење на Наполеон III, и имал намера да му ја покаже на царот, па тргнал кон Солферино за да се запознае лично со него.
 
=== ''' Битката во Солферино ''' ===
 
Динан пристигнал во Солферино вечерта на 24 јуни 1859 год., на истиот ден кога во близина се случила битка помеѓу двете страни. Триесет и осум илјади биле ранети, некои умирале, а некои веќе мртви останале на бојното поле. Обидот да се обезбеди грижа за сите нив изгледал невозможен. Шокиран, Динан сам ја превзел иницијативата да го организира народот, а особено жените и девојките, да им помогнат на повредените и болните војници. Имале недостаток од материјал и залихи, па Динан самиот организирал купување на потребните материјали и помогнал да се направат импровизирани болници. Тој го убедил населението да му помага на ранетите, без разлика на нивната страна во конфликтот со слоганот "Tutti fratelli" ( Сите сме браќа), измислен од некоја жена која потекнувала од град во близина, наречен Кастиљоне дел Стивере. Исто така, тој успеал и да ги ослободи австриските доктори кои биле заробени од страна на Французите.
 
=== ''' Црвен крст ''' ===
 
[[FileПодатотека:Committee of Five Geneva 1863.jpg|мини|десно|190|Oсновачите на Меѓународниот комитет]]
По враќањето во [[Женева]], во почетокот на јули, Динан решил да напише книга за неговите искуства, која ја нарекол ,,Сеќавањата на Солферино”. Била објавена во 1862 год., во издание од 1600 копии и била испечатена на сопствен трошок на Динан. Во рамките на книгата тој ја опишал битката, нејзината цена, како и хаотичните услови по нејзиното завршување. Исто така, тој ја развил и идејата дека потребно е во иднина да постои неутрална организација која ќе обезбедува грижа за ранетите војници. Книгата ја дистрибуирал до многу водечки политички и воени фигури во Европа.
 
Ред 34:
Во октомври 1863 год., 14 земји учествувале на состанокот во Женева, организиран од страна на Комитетот, за дискусија околу подобрувањето на грижата за ранетите војници. Сепак, Динан бил само лидер на протоколот поради напорите на Мојние да ја потцени неговата улога. Една година подоцна, на 22 август 1864 год., дипломатска конференција организирана од страна на швајцарското Собрание, придонела за потпишување на [[прва женевска конвенција|првата Женевска конвенција]] од страна на 12 земји. Повторно, Динан бил задолжен само околу организирањето на сместување за присутните.
 
=== ''' Заборавен период ''' ===
 
Бизнисот на Динан во Алжир делумно настрадал поради неговата посветеност на хуманистичките идеи. Во април 1867 год., Динан бил скандалозно вмешан во пропаѓањето на финансиската фирма ''Кредит Генвоа''. Тој бил принуден да објави стечај и на 17 август 1868 год. бил осуден од Судот за трговија на Женева за измамничко дејствување при стечаите. Заради нивните вложувања во фирмата, неговото семејство и многу негови пријатели, исто така, биле тешко погодени од пропаѓањето на компанијата. Социјалниот повик во Женева, град со длабоки корени во калвинистичките традиции, исто така, довел до барања за негово отстранување од Меѓународниот комитет. На 25 август 1868 год., тој ја добил позицијата Секретар, а на 8 септември бил целосно отстранет од Комитетот. Мојние, кој станал претседател на Комитетот во 1864 год., одиграл главна улога за неговото исклучување.
Ред 48:
Во Хајден ги запознал младиот учител Вилхелм Зондерегер и неговата сопруга Сузана, кои го охрабриле да го евидентира своето животно искуство. Сопругата на Зондерегер основала општинска организација на Црвен крст во Хајден, а во 1890 год. Динан станал нејзин почесен претседател. Динан се надевал дека заедно со Зондерегер и понатаму ќе ги промовира своите идеи, вклучувајѓи и ново издание на неговата книга. Сепак, подоцна нивното пријателство станало спорно заради неоправданите обвинувања на Динан дека Зондерегер, заедно со Мојние, во Женева, на некој начин подготвуваат завера против него. Зондерегер починал во 1904 год. на возраст од само 42 год. И покрај нивното спорно пријателство, Динан бил длабоко погоден од неочекуваната смрт. Восхитот на Вилхелм и Сузана Зондерегер за Динан, и покрај неговите обвинувања, бил пренесен и на нивните деца. Во 1935 год. нивниот син Рене издал збирка од писмата кои Динан му ги пишувал на неговиот татко.
 
=== ''' Враќање во јавното сеќавање ''' ===
 
[[FileПодатотека:Henry Dunant Heiden.jpg|мини|десно|190п|Споменик на Анри Динан во [[Хајден]], [[Швајцарија]]]]
Во септември 1895 год., Георг Баумбергер, главниот издавач на весникот ''Остшвајц'' во Св.Гал, напишал статија за основачот на Црвен крст, со кого се запознал и разговарал за време на прошетка која се случила пред една година. Статијата со наслов ,,Анри Динан, основачот на Црвениот крст”, се појавила во германското списание ''Убер ланд унд мер'', а наскоро била препечатена и во други изданија низ Европа. Статијата имала големо влијание, па тој одново добил внимание и поддршка. Ја добил швајцарската награда ''Бине-Фендт'', како и нота од [[Папа Лав XIII|Папата лав XIII]]. Благодарение на неговата поддршка од руската царица и вдовица, Марија Феодоровна, како и на други донации, неговата финансиска состојба значително се подобрила.
Во 1897 год., Рудолф Милер, кој тогаш работел како учител во Штутгарт, напишал книга за почетоците на Црвениот крст, притоа менувајќи ја официјалната историја за да ја нагласи улогата на Динан. Во книгата, исто така, се наоѓал и текстот ,,Сеќавање на Солферино”. Динан започнал и размена на дописи со Берта фон Сутнер и напишал голем број статии и трудови. Особено бил активен во пишување за правата на жените, и во 1897 год. помогнал при основањето на ,,Зелен крст”, организација на жените која краток период била активна во Брисел.
 
=== ''' Нобелова награда за мир ''' ===
 
[[FileПодатотека:Jean Henri Dunant Monument.jpg|мини|десно|190п|Споменик на Анри Динан во Вага Вага, Австралија]]
Во 1901 год., Динан ја добил првата [[Нобелова награда за мир]] за неговата улога во оновањето на Меѓународното движење на Црвен крст и иницирањето на Женевската конвенција. [[Норвешка|Норвешкиот]] воен лекар, Ханс Даае, кој добил копија од книгата на Милер, го застапувал случајот на Динан пред Нобеловиот комитет. Наградата му била доделена и на [[Франција|Францускиот]] пацифист, [[Фредерик Паси]], основач на Лигата за мир, кој заедно со Динан активно дејствуал и во Алијансата за ред и цивиизација. Официјалните честитки кои ги добил од Меѓународниот комитет конечно го претставиле обновувањето на репутацијата на Динан:
 
Ред 70:
Ханс Даае успеал да ги вложи парите од наградата на Динан, 104 000 швајцарски франци, во Норвешка банка и да спречи пристап на неговите доверители. Динан самиот, за време на неговиот живот, не потрошил ништо од тие пари.
 
=== ''' Смрт и наследство ''' ===
 
[[FileПодатотека:Grab Henry Dunant02.jpg|мини|десно|190п|Гробот на Анри Динан]]
Меѓу неколкуте други награди во годините кои следеле е и Почесниот докторат, кој во 1903 год. му бил доделен на Динан од страна на Медицинскиот факултет при универзитетот Хајделберг. Живеел во дом за згрижување во Хајден сè до неговата смрт. Во последните години од неговиот живот страдал од [[депресија]] и [[параноја]] заради прогонството од страна на неговите доверители и Мојние. Имало и денови кога Динан инсистирал готвачот од домот прв да го проба неговото јадење, пред негови очи, за да се заштити од можно труење. Иако продолжил да ги практикува христијанските верувања, во неговите последни години го одбивал и напаѓал калвинизмот, и воопшто, религијата.
Ред 91:
{{Refbegin}}
 
=== Книги на англиски јазик ===
* Henry Dunant: ''A Memory of Solferino.'' ICRC, Geneva 1986, ISBN 2-88145-006-7 – full text online: [http://www.cicr.org/Web/eng/siteeng0.nsf/html/p0361]
* Pierre Boissier: [http://www.cicr.org/Web/eng/siteeng0.nsf/html/p2041]''History of the International Committee of the Red Cross. Volume I: From Solferino to Tsushima.'' Henry Dunant Institute, Geneva 1985, ISBN 2-88044-012-2
Ред 98:
* Peter Masters: ''Men of Destiny.'' Wakeman Trust, London 2008, ISBN 1-87-085555-8 (Paperback edition). See chapter 8 - The Man Behind the Red Cross.
 
=== Книги на германски јазик ===
* Eveline Hasler: ''Der Zeitreisende. Die Visionen des Henry Dunant. '' Verlag Nagel & Kimche AG, Zürich 1994, ISBN 3-312-00199-4 (Hardcover edition); Deutscher Taschenbuch Verlag, München 2003, ISBN 3-423-13073-3 (Paperback edition)
* Martin Gumpert: ''Dunant. Der Roman des Roten Kreuzes.'' Fischer Taschenbuch Verlag, Frankfurt 1987, ISBN 3-596-25261-X
Ред 130:
[[it:Jean Henri Dunant]]
[[he:ז'אן אנרי דינן]]
[[jv:Henri Dunant]]
[[ka:ანრი დიუნანი]]
[[sw:Henri Dunant]]