Парфем: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{без извори}}
{{вики}}
{{внимание}}
'''Парфем''' ([[англиски јазик|англиски]]: ''perfume'', [[француски јазик|француски]]: ''parfum'') е мешавина од миризливи есенцијални масла и ароматични соедниненија, фиксативи и растворувачи, кои се користат за да им дадат на луѓето, животните, објектите и животните простори пријатна миризба. Ароматичните соедниненија во парфемот можат да бидат добиени синтетички, да потекнуваат од растение или да имаат животинско потекло.
 
Ред 7 ⟶ 4:
 
== Историја ==
Зборот парфем кој се користи денес потекнува од латинскиот збор перфумус''per'' ''fumus'', што значи “низ чад”. Производството на парфеми, или уметноста на создавање парфеми, започнала во стара Месопотамија и Египет и била подоцна усовршена од Римјаните и Персијците.
 
Иако парфемот и производството на парфеми постоело и во Индија, повеќето од мирисите биле претставени со миризливи стапчиња. Првата дестилација на парфем од Итар се споменува во индиската ајур веда Charaka Samhita. Во биографската книга за индискиот император Харша, Harshacharita, напишана во VII век во Северна Индија, се споменува употребата на есенцијалното масло од агар дрвото.
Ред 15 ⟶ 12:
Во 2005 година, археолози пронашле парфеми во Пиргос, Кипар, кои се сметаат за најстарите парфеми во светот. Овие парфеми датираат од пред повеќе од 4000 години. Парфемите биле пронајдени во прастара парфимерија. Во парфимерија од 4000 м² биле пронајдени најмалку 60 казани, садови за мешање, инки и шишиња од парфеми. Во древната историја, луѓето користеле билки и мирудии како бадем, коријандер, мирта, смола од зимзелено дрво, бергамот, како и разни цветови.
 
Арапскиот хемичар Ал-Кинди (Alkindus), во IX век напишал книга за парфеми која ја нарекол ''Книга за хемијата на парфемите и дестилациите''. Книгата содржела повеќе од сто рецепти за миризливи масла, мевлеми, ароматични води и замени или имитации на скапи дроги. Книгата исто така ги опишувала 107те методи и рецепти за произведување на парфем и опремата која е потребна за тоа, како на пример алембикот (кој сè уште го носи своето арапско име).
 
Персијскиот хемичар Ибн Сина (уште познат како Авиценна) го вовел процесот на екстракција на масло од цветовите со дестилација, денес најчесто употребуван метод. Тој најпрво експериментирал со трендафил. Пред неговото откритие, течните парфеми биле мешавина од масло и здробени билки или ливчиња од цвет, што претставувало силна смеса. Водата од трендафилите била понежна и веднаш станала популарна. Двете суровински состојки и технологијата на дестилирање значително влијаеле врз производството на парфеми и научните достигнувања на Запад, особено во хемијата.
Ред 35 ⟶ 32:
 
=== Непрецизна терминологија ===
Јачината и трајноста на парфемот зависи од концентрацијата, јачината и трајноста на ароматичните соединенија (природните есенцијални масла/ миризливи масла) кои се користат: како што се зголемува процентот на ароматични соединенија, така се зголемува и јачината и трајноста на добиениот парфем. Различни парфимерии ставаат различна количина на масла во своите парфеми. Според тоа, иако концентрацијата на маслото кај разреден ''Eau de Parfum'' (EdP) е секако поголема од онаа кај тоалетна вода (''Eau de Toilette'' (EdT)) до одредена граница, количината може да варира од парфимерија до парфимерија. Тоалетна вода од една парфимерија може да биде појака од тоалетна вода од друга парфимерија.
 
На пазарот ретко се наоѓаат машки парфеми како EdP или екстракти од парфем; исто како што ретко се продаваат женски парфеми како EdC. Иако овој карактеристичен начин на именување на парфемот според тоа кој го користи е општо познат во назначувањето на мирисната концентрација, тој нема директна врска со тоа дали парфемот е наменет за мажи или за жени. Покрај тоа, некои парфеми со истото ''име на производ'' но со различна ''назнака за концентрација'' може да се разликуваат не само во разредувањето, туку и да се направени со сосема различна смеса од миризливи масла. На пример, со цел EdT верзијата на парфемот да се направи полесна и посвежа од EdP верзијата, можно е EdT маслото да биде модифицирано така што ќе содржи повеќе горни ноти или помалку основни ноти. Во некои случаи, зборови какви што ''extrême'', ''intense'', или ''concentrée'' и кои може да ја прикажат ароматичната концентрација се всушност сосема различни мириси, поврзани само поради сличнa ''цртa'' на парфемот. Пример за ова се парфемите на Шанел ''Pour Monsieur'' и ''Pour Monsieur Concentrée''.
 
Уште од 1706 година, во Келн, Германија, Eau de Cologne (EdC) е првобитно карактеристичен мирис и бренд. Сепак, надвор од Германија овој термин стана поим за кипарски цитрон парфеми (без основна нота).
Ред 43 ⟶ 40:
== Опис на парфемот ==
 
Точните формули на парфемите пуштени во продажба се чуваат во тајна. Дури и кога тие би биле јавно откриени, во нивната формула би доминирале така сложени состојки и мирисни компоненти, така што не би биле од голема помош на обичниот потрошувач во описот за ''доживувањето'' на мирисот. Сепак, добрите познавачи на парфеми можат да станат многу успешни во одредувањето на состојките и потеклата на мирисите исто како и експертите за вино.
 
Најдобар начин да се започне со опис на парфемот е да се земат во предвид елементите на ''мирисните ноти'' на парфемот или “фамилијата” на која тој íй припаѓа, кои влијаат на општиот впечаток за парфемот уште од првото нанесување па сè до последниот задржан тон.
 
=== Мирисни ноти ===
 
За парфемот се користи музичка метафора, односно се вели дека секој парфем има три групи на ''ноти'', кои ja даваат хармоничната мириснамирисен црта''акорд''. Со време, нотите се откриваат, со моментално чувство за горната нота, која води до подлабоката средна нота, а основните ноти се појавуваат постепено како последна фаза. Овие ноти се создадени внимателно, со познавање на процесот на ветреење на парфемот.
 
'''Горни ноти''': мирисот кој се чувствува веднаш по ставањето на парфемот. Горните ноти се составени од мали, лесни молекули кои ветреат брзо. Тие го формираат првиот впечаток на човекот за парфемот, поради што се многу значајни за продажба на парфемот. Тие исто така се нарекуваат и ''водечки ноти''.
 
'''Средни ноти''': мирисот на парфемот што се чувствува пред горните ноти да исчезнат. Состојките на средните ноти претставува го “срцето” или телото на парфемот и служат за да го прикријат често непријатниот прв впечаток од основните ноти, кој станува попријатен со време. Тие се наречени и ''централни (срцеви) ноти''.
 
'''Основни ноти''': мирисот на парфемот што се чувствува близу пред исчезнувањето на средните ноти. Основните и средните ноти ја креираат главната композиција на парфемот. Основните ноти му даваат длабочина и цврстина на парфемот. Состојките од оваа класа на мириси се карактеристично јаки и “длабоки” и обично не се чувствуваат пред да поминат 30 минути од нанесување на парфемот.
 
Основните ноти влијаат на горните и средните ноти, како што и мирисот на основните ноти се менува од видот на ароматичните супстанции искористени како средни ноти. Производителите на парфеми обично ги објавуваат мирисните ноти, претставени како мирисна пирамида, со состојките излистани со имагинарни и апстрактни поими.
Ред 69 ⟶ 66:
Традиционалната класификација која се појавила кон 1900 година ги опфаќала следните категории:
 
'''Од цвет од едно растение''': Парфеми во кои доминира мирис на цвет од едно растение; на француски ''soliflore''. (на пример, ''Sa Majeste La Rose'' од Серж Лутен, чиј мирис доминира на трендафил.)
 
'''Од цветови од повеќе растенија''': Комбинација на мириси од цветови од повеќе растенија во ароматичното соединение. Тука спаѓа парфемот ''Quelques Fleurs'' од Хубигант и Џои''Joy'' од Жан Пату.
 
'''Килибарска или “Ориентална”''': Широка мирисна класа која ги вклучува слатките и по малку анимални мириси на амбергрис и лабданум, најчесто мешани со ванила, тонка грав, цветови и дрва. Може да биде зајакната со камфорни масла и смолови мирисни стапчиња, која наликува на сликата од Викторијанската ера за Средниот и Далечен Исток. Типични примероци од овој вид на мирисна класа се ''Shalimar'' на француската куќа на парфеми Герлајн и ''Opium'' на Ив Сент Лорен.
 
'''Со мирис на дрво''': Парфеми чија арома доминира на мириси од дрво, најчесто од агар дрво, сандаловина и кедровина. Растението пачули, со својот камфорен мирис, често е дел од составот на овој тип парфеми. Типични примери за ваквите парфеми се ''Maderas De Oriente'' на Мирургија или ''Bois-des-Îles'' на Шанел. Модерен парфем од овој тип е парфемот ''Rumba'' на шпанскиот дизајнер Кристобал Баленсијага.
 
'''Со мирис на кожа''': Фамилија на парфеми која ги вклучува мирисите на мед, тутун, дрво и дрвен катран во средните или основните ноти, мирис кој потсетува на кожа. Типични примероци за овој тип парфеми се парфемите ''Bandit'' на Роберт Пигет и ''Jolie Madame'' на францускиот дизајнер Пјер Балман.
 
'''Со мирис на кипарски цитрус''': парфеми врз база на бергамот, дабов мов, пачули и лабданум. Оваа фамилија на парфеми е именувана по парфем на Франсоа Коти, а еден од најпознатите примероци е ''Mitsouko'' на Герлајн.
 
'''Fougère''': што на француски значи ''папрат''; создадени врз база на лавандер, кумарин и дабов мов. Прв парфем со ваква основа е парфемот ''Fougère Royale'' на Жан-Франсоа Хубиган. Многу машки парфеми припаѓаат на оваа фамилија на парфеми, карактеристична по јакиот мирис на билки и дрва. Некои познати модерни парфеми од оваа фамилија се Брут''Brut'' на Фаберже и ''Drakkar Noir'' на Гај Ларох.
 
==== Модерна ====
Ред 87 ⟶ 84:
Уште од 1945 година, поради големите напредоци во технологијата на создавање парфеми (дизајн и синтеза на соединенија), како и поради природното менување на стиловите и вкусовите, се појавиле нови категории за опис на модерните парфеми:
 
'''Цветни''': комбинација на традиционалните класификации на парфеми со мирис на цвет од едно растение и цветови на повеќе растенија. Добар пример за овој тип парфеми е парфемот ''Beautiful'' од Есте Лаудер.
 
'''Зелени''': Полесно и помодерно толкување на парфеми со мирис на кипарски цитруси, со изразена миризба на искосена трева, здробени зелени листови од дрва и мирис на краставица. Два примероци од овој тип на парфеми се ''Aliage'' на Есте Лаудер или ''Eau de Campagne'' на Сисли.
 
'''Водни, океански или озонски''': најнова категорија на парфеми во историјата на парфемите, која постои од појавата на парфемот ''Dune'' на Кристијан Диор. Многу чист и модерен мирис кој наликува на многу од модерните унисекс парфеми. Главно оваа категорија парфеми содржи калон, синтетички добиена мирисна компонента откриена во 1966 година. Исто така се користи за нагласување на цветните мириси, ориенталните мириси и мирисите на дрво.
 
'''Со мирис на цитруси''': стара фамилија на парфеми која до неодамна се состоела главно од колонски води за освежување, поради слабата трајност на мирисите на цитруси. Развојот на нови ароматични соединенија овозможи создавање на првичните парфеми со мирис на цитруси. Добар пример за овој тип парфеми е Брут''Brut''.
 
'''Овошни''': тука спаѓаат парфемите со арома на овошје (освен аромата на цитруси), како праска, црна рибизла, манго, овошје од пасифлора и други. Модерен пример за овј тип парфеми е парфемот ''Botrytis'' на Гинестет.
 
'''Гурмански''': “јадливи” парфеми или парфеми со мирис на некој десерт. Овие парфеми често содржат ноти на ванила, тонка грав и кумарин, како и синтетички соединенија добиени со цел да оддаваат мирис на храна. Парфем од овој тип со сладок мирис е парфемот ''Angel'' на Тиери Маглер. Парфем со мирис на чубрика е парфемот ''Dinner'' на БоБо, кој содржи нота на кумин и кари.
 
==== Мирисен круг ====
Ред 103 ⟶ 100:
Мирисниот круг е релативно нов метод на класификација кој е значително користен во продажбата и во индустрија за мириси. Методот бил создаден во 1983 година, од страна на Мајкл Едвардс, консултант во индустрија за мириси, кој создал своја сопствена шема за класификација на парфеми. Новата шема била направена со цел да ја поедностави класификацијата на парфемите и шемата на именување, како и за да ја претстави врската помеѓу секој од индивидуалните случаи.
 
Петте стандардни мирисни фамилии се ''цветните мириси'', ''ориенталните мириси'', ''мирисите на дрво'', ''Fougère мирисите'' и ''освежителните мириси'', од кои првите четири фамилии се “покласични”, додека последната содржи понови јасни и чисти океански мириси и мириси на цитруси, кои се појавиле како резултат на напредокот во технологијата на парфемите. Секоја од фамилиите е потоа поделена на подгрупи и аранжирана во мирисниот круг.
 
== Мирисни извори ==
Ред 111 ⟶ 108:
Растенијата уште одамна се користеле во производството на парфеми како извор на есенцијални масла и ароматични соединенија. Овие ароматични соединенија се обично секундарни метаболити произведени од растенијата за заштита од тревопасни животни, инфекции, како и за да привлечат опрашувачи. Растенијата се најголемиот извор на ароматични соединенија кои се користат во производството на парфеми. Изворите на овие соединенија доаѓаат од разни делови на растението. Секое растение нуди повеќе од еден извор на ароматични соединенија, на пример, етеричните делови и семиња на коријандерот имаат доста различни мириси. Листовите на портокалот, неговите цветови и кората се поединечно извори на петитгрејн, нероли и масла од портокал.
 
'''Кора''': најчесто употребувани кори се кората од цимет и кората од каскарилја. Исто така, се употребува и миризливото масло од кората на дрвото сасафрас, директно или прочистена поради главниот дел, safrole, кој се користи во синтезата на други ароматични соединенија.
 
'''Цвеќиња и цветови''': без сомнение најголемиот извор на ароматични соединенија. Овој извор вклучува неколку видови трендафили и јасмин, потоа османтус (osmanthus), плумериа (plumeria), мимоза, тубероза (tuberose), нарцис, миризлив здравец, cassie, ambrette, како и цветовите на цитрусите и ylang-ylang дрвата. Иако обично не се смета за цвет, неотворените пупки на каранфилот исто така често се користат како ароматични соединенија. Повеќето цветови на орхидејата не се користат во продажбата за произведување на есенцијални масла или апсолути, освен во случајот на ванила, орхидеја која најпрво мора да биде опрашена и преработена во мешунки пред да биде употребена за произведување на парфем.
 
'''Овошја''': Свежи овошја како јаболка, јагоди, цреши и слично, за жал не го даваат посакуваниот мирис при екстракција; доколку овие мирисни ноти се сетат во парфемот, се работи за синтетички добиени мирисни ноти. Исклучоци од ова правило се Litsea cubeba, ванила и смрекинки. Најчесто употребуваните овошја ги добиваат своите ароматични соединенија од кората; тоа се цитрусите: портокалите, лимоните и зелените лимони. Иако кората на грејпфрутот сè уште се користи како ароматик, во продажбата грејпфрут ароматичните соединенија се сè повеќе вештачки синтетизирани бидејќи природниот ароматик содржи сулфур, а производот од неговото деградирање има прилично непријатен мирис.
 
'''Листови и гранки''': Најчесто употребувани во производството на парфеми се листот од лавандер, пачули, жалфија, темјанушка, рузмарин и цитруси. Понекогаш листовите од растенијата се виновниците за “зелениот” мирис на парфемите. Примери за ова се сеното и листовите на доматот.
 
'''Смола''': Ценета уште од старите времиња, смолата била нашироко користена за добивањето на миризливи стапчиња и во производството на парфеми. Многу култури ја употребувале високо ароматичната и антисептична смола како и парфемите кои содржеле смола како лекови за голем број болести. Најчесто употребувани смоли во производството на парфеми се labdanum, frankincense/olibanum, myrrh, Peru balsam, gum benzoin. Смолата на дабот и елата е особено ценет извор на терпени, кои се користат во органската синтеза на многу други синтетички или природно добиени ароматични соединенија. Килибарот и копалот се всушност секрет на смолата од иглолисните растенија.
 
'''Корења, ризоми и луковици''': денес често користени земјени зеленчуци или делови на зеленчуци во производството на парфеми се ризоми на перуника, корени од трева од родот Chrysopogon и разни ризоми од фамилијата на ѓумбирот.
 
'''Семиња''': Често користени семиња се тонка грав, семе од морков, коријандер, ким, кокос, морско оревче, cardamom и анасон.
 
'''Дрва''': дрвата се многу значајни за создавањето на основните ноти на парфемот; маслата од дрва и дестилатите се неопходни во производството на парфеми. Често користени дрва се сандаловината, палисандровото дрво, агар дрвото, брезата, кедарот, смреката и борот. Овие дрва се користат во мацерирана форма или во суво-дестилирана (исправена) форма.
 
=== Извори од животни ===
 
'''Амбра''': Грутки на оксидирани масни соединенија, чии што прекурсори се излачени од кашал. Амбрата не треба да се поистоветува со жолтата амбра, која се користи во изработката на накит. Добивањето на амбрата не му штети на животното-извор, поради што денес останува еден од ретките неоспорни мирисни агенти од животинско потекло.
 
'''Кастореум''': добиен од бешиката на Северно-американскиот дабар.
 
'''Цивета''': исто така наречена циветен мошус, се добива од бешиката на циветата, животно од фамилијата ''Viverridae'', во сродство со мунгосот. Светското друштво за заштита на животните ги проучувало циветите, кои биле ловени токму за таа цел.
 
'''Hyraceum''': познат како “Афрички камен”, Hyraceum е скаменет измет на печинарот камењар.
 
'''Саќе''': Пчелиниот восок и медот можат да бидат екстрахирани растворувачи за создавање на апсолут. Пчелиниот восок е екстрахиран со етил алкохол и испарен етил алкохол за да се создаде апсолут на пчелин восок.
 
'''Мошус од елен''': првобитно потекнувал од мошусните вреќи на азискиот мошусен елен, а сега е заменет со синтетичкиот мошус, уште познат како “бел мошус”.
 
===Други природни извори ===
 
'''Лишаи''': често користени лишаи се мов од даб и лишајот thalli.
 
• Морски треви: дестилатите понекогаш се користат како есенцијални масла во парфемите. Пример за често употребувана морска трева во производството на парфеми е ''Fucus vesiculosus'', попозната како вреќеста морска трева. Поради високата цена и послабата моќност од синтетичките мирисни компоненти, ретко се користат природните мирисни компоненти од морските треви.
 
=== Синтетички извори ===
Ред 177 ⟶ 174:
|-
!|Варирање
|Варираат во зависност од времето и локацијата на собирањето, како и начинот на кој производот бил екстрахиран од суровината. Многу потешко е да се произведе постојан производ со еднаков мирис по години на берба и произведување. Како таков, произведувачот на парфеми мора “рачно” да ги балансира природните промени на состојките, со цел да го задржи квалитетот на парфемот. Покрај тоа, некои бескрупулозни произведувачи може да го променат ''изворот'' на суровините (ставајќи индиски јасмин наместо јасмин со потекло од Грас) или да ги променат ''состојките'' (ставајќи линалол наместо трендафил) за да го зголемат профитот.
|Попостојани од природните ароматици. Сепак, разликите во органската синтеза може да резултираат со минутни разлики во концентрација на примеси во парфемот. Доколку овие примеси имаат слаб мирисен праг, тогаш разликите во мирисот на синтетичките ароматици се големи.
|-
Ред 205 ⟶ 202:
Сите овие техники до одредена мера го менуваат мирисот на ароматичните соединенија добиени од суровините. Ова се должи на користењето на топли и остри растворувачи, или на изложеноста на кислород во процесот на екстракција, кој ги денатурира ароматичните соединенија, па тие или го менуваат својот мирисен карактер или пак губат мирис.
'''Мацерација/Екстракција со растворувач''': најмногу користена и економична техника за екстракција на ароматични соединенија во модерната индустрија на произведување парфеми. Суровините се претопени во растворувач кој може да ги раствори посакуваните ароматични соединенија. ''Мацерацијата'' трае од неколку часови до неколку месеци. Ароматичните соединенија за суровини од дрво и влакнави растенија често се добиваат на овој начин, каков што е случајот со сите ароматични соединенија од животински извори. Оваа техника може да се користи и за екстракција на ароматични соединенија кои се лесно испарливи за ''дестилација'' или лесно денатурираат од топлина. Растворувачи кои најчесто се користат за ''мацерација/екстракција со растворувач'' се хексан или диметил етер. Производот од овој процес се нарекува "конкрет".
 
o ''Екстракција на суперкритична течност'': релативно нова техника за ектракција на ароматични соединенија од суровини, која често вклучува суперкритичен CO2. Поради слабото топлина на процесот и релативно нереактивниот растворувач, добиените ароматични соединенија често имаат сличен мирис со оригиналниот мирис на суровините.
 
o ''Екстракција на етил алкохол'': вид екстракција со растворувач која се користи за директно екстрахирање на ароматични соединенија од суви суровини, како и на нечистите маслени соединенија кои се резултат на екстракцијата со растворувачот или анфлоража. Екстракцијата на етил алкохолот не се користи за екстрахирање на мирисот од свежите растенија, бидејќи тие содржат големо количество вода, кое што е исто така екстрахирано во етил алкохолот.
 
'''Дестилација''': Општо позната техника за добивање на ароматични соединенија од растенија, како на пример од цветовите од портокал или трендафил. Суровините се загреваат и ароматичните соединенија се собираат преку кондензација од дестилираната пареа.
o ''Дестилација на пареа'': Пареата од зовриената вода поминува низ суровините, со што се истиснуваат нивните лесно испарливи ароматични соединенија. Кондензатот од дестилацијата се става во инка. Ова овозможува лесно раздвојување на есенцијалните масла од водата. Водата насобрана од кондензатот, кој задржува нешто од ароматичните соединенија и маслата од суровините, се нарекува хидросол. Овој процес најчесто се употребува за свежите растенија (цвеќиња, листови и стебла).
 
o ''Сува дестилација'': Суровините директно се загреваат во казан, без носечки растворувач, каков што е водата. Ароматичните соединенија ослободени од суровините од големата температура често се подложени на анхидратна пиролиза, која резултира со формирање на различни ароматични соединенија, па така и различни мирисни ноти. Овој метод се користи за добивање на ароматични соединенија од фосилен килибар и ароматични дрва, каде стремежот е добивање на “загорен” или “препечен” мирис.
 
o ''Фракционирање'': со употребата на фракциона колона, може да се исфрлат различни фракции дестилирани од суровината, за да се модифицира мирисот на крајниот производ. Иако производот е поскап, овој процес понекогаш се изведува за да го отстрани непријатниот или непосакуваниот мирис на суровините и му овозможува на произведувачот на парфеми поголема контрола врз процесот на изработка.
 
'''Експресија''': Суровините се истиснуваат или згмечуваат, а маслата се собираат. Од сите суровини, само миризливите масла од корите на овошјата од фамилијата на цитруси се екстрахираат на овој начин, бидејќи маслото е веќе присутно во доволно големи количини, што го чини овој метод неекономичен.
 
'''Анфлоража''': Апсорбирање на ароматичните соединенија во тврди масти или восок, а потоа екстрахирање на миризливите масла со етил алкохол. Екстракцијата со анфлоража била често користена во времето кога дестилацијата не била возможна, бидејќи некои ароматични соединенија ја денатурирале поради високата температура. Денес оваа техника не се користи многу често поради превисоките трошоци и појавата на поефикасни методи на екстракција.
 
== Миризливи екстракти ==
Ред 227 ⟶ 224:
Иако миризливите екстракти се општо познати како “есенцијални масла”, во индустријата за производство на парфеми се користат поспецифични термини за да се објасни изворот, чистотата и техниката на добивање на миризлив екстракт.
 
Од овие екстракти, само ''апсолутите'', ''есенцијалните масла'' и ''растворите'' директно се користат за добивање на парфеми.
 
'''Апсолути''': Ароматични соедниненија прочистени од ''помада'' или ''конкрет'' со натопување во етил алкохол. Со употреба на хидрофилно соединение, каков што е етил алкохолот, повеќето од ароматичните соединенија од восочниот изворен материјал може да бидат екстрахирани без да ги растворат безмирисните восочни молекули. Апсолутите обично се наоѓаат како маслени течности.
 
'''Конкрет''': Ароматични соединенија екстрахирани од суровини преку ''екстракција со растворувач'', со употреба на испарливи јаглеводороди. Конкретите обично содржат големо количество на восок поради лесното растворање на разни хидрофобни соединенија. Како такви, конкретите понатаму се спорчистуваат преку дестилација или екстракција со растворувач врз база на етил алкохол. Конкретите се обично восочни или смолести цврсти супстанци или густи маслени течности.
 
'''Есенцијални масла''': Ароматични соединенија директно екстрахирани од изворните суровини преку ''дестилација'' или ''експресија'', кои се добиваат во форма на маслена течност. Маслата екстрахирани преку експресија понекогаш се нарекуваат ''експресиони масла''.
 
• Помада: миризлива цврста маст создадена од процесот на ''анфлоража'', во која ароматичните соединенија во суровините се апсорбираат во животински масти. Помадите се наоѓаат во мрсна и леплива цврста форма.
 
• Тинктура: Ароматични соединенија создадени со директно натопување и накиснување на суровините во етил алкохол. Тинктурите се обично ретки течности.
 
Производите добиени со различни методи на екстракција имаат различни називи, иако првичниот материјал е ист. Така на пример, цветовите на портокалот од ''Citrus aurantium'' кои претрпеле екстракција со растворувач даваат “апсолут на цвет од портокал”, додека оние кои биле дестилирани на пареа се нарекуваат “нероли масла”.
 
== Изработување на парфемот ==
Ред 247 ⟶ 244:
=== Произведувач на парфеми ===
 
Изработката на парфем кој добро ќе се продава е работа на експертот за парфеми, уште познат како ''произведувач на парфеми''. Произведувачите на парфеми понекогаш се нарекуваат носови (на француски ''“Nez”'') поради развиеното сетило за мирис и вештини во препознавањето на разни мириси.
 
Изработувањето на парфемот обично започнува со “нарачка”''нарачка'' на работодавецот или клиентот. Најчесто, клиенти се модните куќи или големите корпорации на разни индустрии. По нарачката на парфем, следи процесот на мешање на повеќе смеси на мириси, а потоа произведувачот на парфеми ја продава добиената формула на клиентот, најчесто со изменет мирисен состав.
 
Овој мирисен состав потоа се користи за да му даде ''функционалност'' на некој друг производ (шампони, шминка, детергенти, освежувачи за кола итн.), или пак се рекламира и продава директно како ''парфем''.
 
=== Техника ===
Ред 261 ⟶ 258:
Миризливите масла обично содржат десетина до стотина состојки кои се распоредени според специфичната улога што ја играат. Овие состојки грубо се групирани во четири групи:
 
''Примарни мириси'': содржат една или две главни состојки за постигнување на одредена замисла, како на пример “замисла за мирис на трендафил”. Како алтернатива, може да се употребат повеќе состојки за создавање на “апстрактен” примарен мирис кој ќе се разликува од било која природна состојка. На пример, мирисите од јасминот и трендафилот се смеси за добивање на апстрактен цветен мирис. Флаворантот на Кока Кола е пример за апстрактен примарен мирис.
 
''Модификатори'': Овие состојки го менуваат примарниот мирис со цел да му го дадат на парфемот посакуваниот карактер: на пример, овошните естери се додаваат на примарниот цветен мирис за да се добие овошно-цветен мирис; калонот и цитрусниот мирис се додаваат за да се добие посвеж цветен мирис. Мирисот на Кока Кола од цреша може да се смета за модификатор.
 
''Миксери'': Голема група на состојки кои ги ублажуваат промените на парфемот помеѓу различните “слоеви” или основи. Овие состојки може да се употребуваат како составен дел на примарните мириси. Најчести состојки-миксери се линалолот и хидроксицитронелалот.
 
''Фиксири'': се користат за зајакнување на примарниот мирис. Многу смоли, мириси од дрво и основи на килибар се користат како фиксири.
 
Горните, средните и основните ноти на парфемот можат да имаат посебни примарни и споредни состојки. Миризливите масла на парфемот потоа се мешаат со етил алкохол и вода, се оставаат на неколку недели во садови за течност да добијат на старост и се филтрираат за да ги стабилизираат состојките на парфемот во смесата и да се отстрани било каков талог или честици пред растворот да се тури во шишето со парфем.
Ред 273 ⟶ 270:
==== Мирисни основи ====
 
Наместо да се создаде парфем од “темел”, многу модерни парфеми и колонски води се направени со користење на ''мирисни основи'' или едноставно '''основи'''. Секоја основа е во суштина модуларен парфем кој е смеса од есенцијални масла и ароматични хемикалии, и е формулиран за постигнување на една едноставна замисла за мирис, како на пример “мирис на свежо искосена трева” или “мирис на сочно кисело јаболко”. Многу парфеми од линијата ''Aqua Allegoria'' на Герлајн, со своите едноставни замисли за мирис, се примери за мирисни основи на парфеми.
 
Напорот постигнат за развој на основите од компании за произведување на парфеми или индивидуалните произведувачи на парфеми е еднаков со оној на парфемите на пазарот, бидејќи тие се за повеќекратна употреба и како такви се корисни. Освен тоа, придобивките од користењето на основи за изработка на парфем се многубројни:
Ред 321 ⟶ 318:
== Безбедносна одредба ==
 
Индустријата за производство на парфеми во САД не е директно управувана од страна на Управата за храна и лекови (FDA). FDA ја контролира сигурноста на парфемите преку нивните состојки и бара тие да бидат тестирани до тој степен да бидат Општо прифатени како безопасни (''Generally recognized as safe''-GRAS). Поради потребата за заштита на трговските тајни, компаниите ретко го издаваат целосниот список на состојки, без разлика на нивното влијание врз човековото здравје. Во Европа, од 11 март 2005 година, наложено е издавање на задолжителна листа на 26 официјални алергии од парфеми. Барањето за издавање на овие состојки е во зависност од користењето на крајниот производ. Границите под кои се бара декларација на алергените се 0,001% за производи наменети за да останат на кожата, и 0,01% за оние кои се плакнат. Ова резултирало со преформулирање на некои од старите парфеми, како кипарските цитруси и fougère класите на парфеми, кои содржеле екстракт од дабова мов.
 
 
Ред 342 ⟶ 339:
== Листа на парфеми ==
 
''Дополнителни информации'': Листа на познати парфеми
 
''Дополнителни информации'': Листа на парфеми на славни личности
 
[[Категорија:Парфимерија]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Парфем