Алтернативен рок: Разлика помеѓу преработките

Одземени 18 бајти ,  пред 10 години
нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
 
Алтернативен рок(исто така наречен и алтернативна музика, алт-рок или едноставно алтернатива) е жанр на рок музиката што се појавува во 1980-тите години и станува многу популарен во 1990-тите. Алтернативниот рок се состои од различни поджанрови кои потекнуваат од независната музичка сцена уште од 1980-тите години, како што се гранџ, бритпоп, готик рок, инди поп, и инди рок. Овие жанрови се обединети од страна на нивните колективи, кои се должат пак, на стилот на панк рокот, кој ги поставил темелите за алтернативната музика во 1970-тите. Понекогаш алтернативниот рок се користи како сеопфатна фраза за рок музиката од андерграунд уметниците во 1980-тите, и за сите други музички праваци кои потекнуваат од панк-рок (вклучувајќи го и самиот панк како правец,т.н.new wave музички стил и пост-панкот).
Иако неколку бендови како R.E.M. и The Cure постигнаа комерцијален успех и станаа светски признаени музички бендови, многу други алтернативни рок-музичари во текот на 1980-тите години култни со делата кои ги снимија со независни етикети и добија нивната изложеност преку колеџ радијата. Со пробивот на Нирвана и популарноста на гранџот и бритпопот како правци во текот на 1990-тите, алтернативниот рок се здоби со значајно место во музичкиот свет и многу бендови стекна значајна популарност.
 
Содржина
 
===Алтернативен рок како термин ===
50

уредувања