Парфем: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 298:
 
Постојат докази во весници кои укажуваат на тоа дека одредени мириси предизвикуваат реакции на астма кај некои луѓе, особено оние кои имаат акутна астма. Многу состојки во парфемите можат да предизвикаат главоболки, алергиски реакции или мачнини.
 
Во некои случаи, претерана употреба на парфеми може да предизвика алергиска реакција на кожата. Така на пример, ацетофенонот, етил ацетатот и ацетонот, присутни во многу парфеми, се исто така познати како потенцијални респираторни алергени. Сепак, ова може да наведе на погрешно мислење, бидејќи штетата што ја предизвикуваат некои од овие хемикалии (било да се природно или синтетички добиени) зависи од еколошките услови, како и од нивната концентрација во парфемот. Линалолот, кој се смета за раздразлив, предизвикува иритација на кожата кога деградира во пероксид. Употребата на антиоксиданти во парфемите или намалување на концентрацијата на хемикалиите може да ја спречи иритацијата.
 
Некои истражувања за природните ароматични соединенија покажале дека многу од нив содржат состојки кои предизвикуваат иритација на кожата. Сепак, на некои истражувања, како на пример истражувањето на Меѓународното здружение за мириси (IFRA) според кое опопанаксот е премногу опасен за да се користи во индустријата за произведување на парфеми, сè уште им недостасува научен консензус. Точно е и дека понекогаш само со вдишување може да се предизвикаат иритации на кожата.
 
==== Карциногенецитет ====
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Парфем