Парфем: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 118:
 
Растенијата уште одамна се користеле во производството на парфеми како извор на есенцијални масла и ароматични соединенија. Овие ароматични соединенија се обично секундарни метаболити произведени од растенијата за заштита од тревопасни животни, инфекции, како и за да привлечат опрашувачи. Растенијата се најголемиот извор на ароматични соединенија кои се користат во производството на парфеми. Изворите на овие соединенија доаѓаат од разни делови на растението. Секое растение нуди повеќе од еден извор на ароматични соединенија, на пример, етеричните делови и семиња на коријандерот имаат доста различни мириси. Листовите на портокалот, неговите цветови и кората се поединечно извори на петитгрејн, нероли и масла од портокал.
 
• Кора: најчесто употребувани кори се кората од цимет и кората од каскарилја. Исто така, се употребува и миризливото масло од кората на дрвото сасафрас, директно или прочистена поради главниот дел, safrole, кој се користи во синтезата на други ароматични соединенија.
 
• Цвеќиња и цветови: без сомнение најголемиот извор на ароматични соединенија. Овој извор вклучува неколку видови трендафили и јасмин, потоа османтус (osmanthus), плумериа (plumeria), мимоза, тубероза (tuberose), нарцис, миризлив здравец, cassie, ambrette, како и цветовите на цитрусите и ylang-ylang дрвата. Иако обично не се смета за цвет, неотворените пупки на каранфилот исто така често се користат како ароматични соединенија. Повеќето цветови на орхидејата не се користат во продажбата за произведување на есенцијални масла или апсолути, освен во случајот на ванила, орхидеја која најпрво мора да биде опрашена и преработена во мешунки пред да биде употребена за произведување на парфем.
 
• Овошја: Свежи овошја како јаболка, јагоди, цреши и слично, за жал не го даваат посакуваниот мирис при екстракција; доколку овие мирисни ноти се сетат во парфемот, се работи за синтетички добиени мирисни ноти. Исклучоци од ова правило се Litsea cubeba, ванила и смрекинки. Најчесто употребуваните овошја ги добиваат своите ароматични соединенија од кората; тоа се цитрусите: портокалите, лимоните и зелените лимони. Иако кората на грејпфрутот сè уште се користи како ароматик, во продажбата грејпфрут ароматичните соединенија се сè повеќе вештачки синтетизирани бидејќи природниот ароматик содржи сулфур, а производот од неговото деградирање има прилично непријатен мирис.
 
• Листови и гранки: Најчесто употребувани во производството на парфеми се листот од лавандер, пачули, жалфија, темјанушка, рузмарин и цитруси. Понекогаш листовите од растенијата се виновниците за “зелениот” мирис на парфемите. Примери за ова се сеното и листовите на доматот.
 
• Смола: Ценета уште од старите времиња, смолата била нашироко користена за добивањето на миризливи стапчиња и во производството на парфеми. Многу култури ја употребувале високо ароматичната и антисептична смола како и парфемите кои содржеле смола како лекови за голем број болести. Најчесто употребувани смоли во производството на парфеми се labdanum, frankincense/olibanum, myrrh, Peru balsam, gum benzoin. Смолата на дабот и елата е особено ценет извор на терпени, кои се користат во органската синтеза на многу други синтетички или природно добиени ароматични соединенија. Килибарот и копалот се всушност секрет на смолата од иглолисните растенија.
 
• Корења, ризоми и луковици: денес често користени земјени зеленчуци или делови на зеленчуци во производството на парфеми се ризоми на перуника, корени од трева од родот Chrysopogon и разни ризоми од фамилијата на ѓумбирот.
 
• Семиња: Често користени семиња се тонка грав, семе од морков, коријандер, ким, кокос, морско оревче, cardamom и анасон.
 
• Дрва: дрвата се многу значајни за создавањето на основните ноти на парфемот; маслата од дрва и дестилатите се неопходни во производството на парфеми. Често користени дрва се сандаловината, палисандровото дрво, агар дрвото, брезата, кедарот, смреката и борот. Овие дрва се користат во мацерирана форма или во суво-дестилирана (исправена) форма.
 
Ред 130 ⟶ 138:
 
• Амбра: Грутки на оксидирани масни соединенија, чии што прекурсори се излачени од кашал. Амбрата не треба да се поистоветува со жолтата амбра, која се користи во изработката на накит. Добивањето на амбрата не му штети на животното-извор, поради што денес останува еден од ретките неоспорни мирисни агенти од животинско потекло.
 
• Кастореум: добиен од бешиката на Северно-американскиот дабар.
 
• Цивета: исто така наречена циветен мошус, се добива од бешиката на циветата, животно од фамилијата Viverridae, во сродство со мунгосот. Светското друштво за заштита на животните ги проучувало циветите, кои биле ловени токму за таа цел.
 
• Hyraceum: познат како “Афрички камен”, Hyraceum е скаменет измет на печинарот камењар.
 
• Саќе: Пчелиниот восок и медот можат да бидат екстрахирани растворувачи за создавање на апсолут. Пчелиниот восок е екстрахиран со етил алкохол и испарен етил алкохол за да се создаде апсолут на пчелин восок.
 
• Мошус од елен: првобитно потекнувал од мошусните вреќи на азискиот мошусен елен, а сега е заменет со синтетичкиот мошус, уште познат како “бел мошус”.
 
Ред 139 ⟶ 152:
 
• Лишаи: често користени лишаи се мов од даб и лишајот thalli.
 
• Морски треви: дестилатите понекогаш се користат како есенцијални масла во парфемите. Пример за често употребувана морска трева во производството на парфеми е Fucus vesiculosus, попозната како вреќеста морска трева. Поради високата цена и послабата моќност од синтетичките мирисни компоненти, ретко се користат природните мирисни компоненти од морските треви.
 
Ред 144 ⟶ 158:
 
Многу модерни парфеми содржат синтетички добиени ароматични соединенија. Синтетичките ароматични соединенија можат да создадат мириси кои не може да се најдат во природата. На пример, Калонот, соединение од синтетичко потекло, дава свеж озонски морски мирис кој е доста употребуван во денешните парфеми. Синтетичките ароматични соединенија често се користат како алтернативен извор на соединенија кои тешко се добиваат од природни извори. Така на пример, линалолот и кумаринот се природно добиени соединенија што може ефтино да се синтетизираааат од терпени. Мирисните компоненти на орхидеја обично не се добиваат директно од растението, туку се создадени синтетички за да им соодветствуваат на ароматичните соединенија што се наоѓаат во разни орхидеи.
 
Едни од досега најчесто употребуваните синтетички ароматични соединенија се белите мошуси. Овие материи може да се сретнат во сите форми на парфемите во продажбата како неутрална позадина на средните ноти на парфемот. Ги има во големи количини во детергентите за перење на алишта, со цел да им дадат на алиштата долготраен “мирис на чисто”.
 
Поголем дел од светските синтетички ароматични соединенија се произведуваат од релативно малку компании. Тие се:
 
• Меѓународни ароми и мириси - International Flavors and Fragrances (IFF)
 
• Givaudan
 
• Firmenich
 
• Takasago
 
• Symrise
 
Секоја од овие компании годишно патентира неколку процеси на производство на синтетички ароматични соединенија.
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Парфем