Разлика помеѓу преработките на „The Chemical Brothers“

Додадени 98 бајти ,  пред 10 години
нема опис на уредувањето
(Создадена страница со: The Chemical Brothers (Хемиските Браќа) се британско електронско дуо составено од Thomas Owen Mostyn 'Tom'...)
 
Содржина
 
''''''1.Историја''''''
 
''1.1.Историја на бендот(1984–1991)''
 
Историја на бендот(1984–1991)
Ед Симсон е роден во Херне Хил, јужниот дел на Лондон, Англија, на 9-ти Јуни 1970-та година од мајка правник и татко кој не беше многу околу Симонс додека растеше. Кога тој беше млад, неговите главни интереси беа авионите и музиката. Симонс учеше во две јавни училишта, Alleyn и колеџот Dulwich. За време на неговите училишни денови, тој разви симпатии кон „rare groove “ и „Hip hop “ музиката кои често ги среќаваше во клубот наречен The Mud Club додека имаше само 14 години. Откако го заврши школувањето, негови два главни музички интереси беа бендови од Манчестер, „New Order“ and „The Smiths“. Откако го заврши училиштето со 11 „О“ нивоа и три „А“ нивоа, продолжи да студира Историја, особено Доцна Средновековна Историја на Универзитетот во Манчестер.
Том Роландс, соученик на Симон од детството, роден на 11-ти Јануари 1971-та година во Кингстон на Темза во Лондон. Уште кога Роланд беше многу млад, неговото семејство се пресели во Хели на Темза. Подоцна тој го посетуваше Reading Blue Coat училиштето во Беркшир, за тоа време стана опседнат со Шкотска, развивајки симпатии кон гајдите,особено. Во неговите рани тинејџерски години, музичките интересите ги прошири и кон други жанрови. На почетокот, некои од неговите фаворити беа „Oh What a Lovely War“ саундтрак, 2-Tone, во почетокот Гот жанрот (Sisters of Mercy, Fields of the Nephilim) и електро звуците на артистите како Крафтверк, Њу Ордер, Кабарет Волтер и Хевен 17. Тој објасни дека првиот албум Паблик Енеми му го променил животот, и коментираше дека "Miuzi Weighs a Ton" била една од најпрекрасните траки кој тој некогаш ја има чуено. Роланд исто така почна да собира хип хоп плочи од артисти како Ерик Б. и Шоли Д. Роланд го заврши училиштето со слични достигнувања како Симонс. Достигна девет „О“ нивоа и три „А“ нивоа. За факултетот ги следеше стапките на Симон на Универзитетот Манчестер воглавно за да се вовлече себеси на музичката сцена.
Роланд, пред да се запознае со Симонс, беше член на бендот наречен Ариел. Ариел го формираа Роланд и неговите пријатели Брендан Мелцк и Мет Бери. Нивната прва песна беше "Sea of Beats". Ова всушност беше white label, пред Филип Браун да ги постави Echo Logik Records, нивната прва промоција беше Bokadilo (ELR1201), Други обајвени песни се "Mustn't Grumble" (ELR1203) и нивната многу добро позната, "Rollercoaster" (ELR1202). По една година во Echo Logik, потпишаа договор со издавачка куќа deConstruction. Тие инсистираа да најмат пејачка, па го најмија бившиот фронтмен на Xpansions Сели Ен Марш, и по неколку разочарувачки песни како "Let It Slide" (која Роланд би ја опишал како нешто многу лошо ) групата се распадна. Една од последните работи кои Ариел ги направи беше ремиксот "T Baby".
Роланд и Симон потоа почнаа да работат како ди-џеи во клубот "Naked Under Leather", во задниот дел на еден паб, во 1992 под името "The 237 Turbo Nutters" (именувани по бројот на нивната куќа на улица Дикенсон во Манчестер и реферненца за нивните Блекбурн рејвинг денови). Двајцата пуштаа хип хоп, техно, и хаус.
 
„The''1.2„The Dust Brothers“ (1992–1994)''
 
Роланд и Симонс се нарекуваа The Dust Brothers по американското продуцентско дуо познато по работата со Бисти бојс. По извесен период започнаа да снемуваат соодветни инструментални хип хоп траки па затоа почнаа да прават свои. Користеа „Хитачи“ хај-фај систем, компјутер, семплер и тастатура, ја снимија "Song To The Siren", која ја семплуваше Дис Мортал Коил. "Song To The Siren" беше издадена во нивната издавачка куќа наречена Дајмонд Рекордс (според прекарот на Ед). Во Октомври 1992, издадоа 500 white label копии во различни денс продавници низ Лондон, но никој не сакаше да ги пушта, велејќи дека се пемногу спори. Му пратија копија на лондонскиот ди-џеј Ендру Ведерал, кој ги направи редовен стартер во на своите ди-џеј сетови. Ведерал исто така потпиша договор со бендот во неговата издавачка куќа Junior Boy's Own. Во Мај 1993,издравачката куќа Junior Boy's Own ја објави песната 'Song To The Siren'.
Дуото го заврши Универзитетот со добри резултати, со што и двајцата добија дипломи за напредно второ ниво. Некаде во Јуни 1993, `The Dust Brothers ги направија нивните први ремикси. Првиот беше "Packet Of Peace" за Лајонрок екипата на Џастин Робертсон, по кој следеа траките за Leftfield, Republica и The Sandals. При крајот на 1933-година The Dust Brothers го завршија Fourteenth Century Sky EP, објавен во Јануари 1994-та. Плочата ги содржеше „хемиските звуци“ која го откри звукот на дуото, подоцна преземен од Фетбој Слим и многу други. Плочата исто така ја содржеше "One Too Many Mornings", која за прв пат ја покажа лабавата и смирена страна на The Dust Brothers. И двете "One Too Many Mornings" и "Chemical Beats" подоцна ќе се најдат на нивниот деби албум. По Fourteenth Century Sky кон крајот на 1993-та следеше My Mercury Mouth EP. "Chemical Beats" беше исто така дел од саундтракот на првото издание од Wipeout серија игри, откако го употребија во Wipeout за PlayStation во 1995-та година.
Во Март 1995, The Dust Brothers ја почнаа нивната прва интернационална тура, која ги вклучуваше Соединетите Држави – каде пуштаа песни со Orbital и Underworld, а потоа следеа група европски фестивали. Исто така во тоа време оригиналните Dust Brothers подлежеа на правни закани за нивното име, па така Роланд и Симонс мораа да се одлучат за ново име што побргу. Тогаш одлучија да се викаат "The Chemical Brothers" (Бабата на Симонс предложила да се викаат "The Grit Brothers").
Во Јуни 1995-та, го издадоа нивниот 4-ти сингл, прв со нивното ново име. "Leave Home" беше издаден од Junior Boy’s Own, како најава за нивниот деби албум. Синглот стана прв хит на листите кој се најде на место број 17.Синглот се задржа на листите се 8 недели, рекорден број на недели на исто место (Освен местото број 1)
 
''1.3.Exit Planet Dust (1995–1996)''
 
Во Јули 1995-та, The Chemical Brothers го издадоа нивниот деби албум Exit Planet Dust (инспирирани од промената на нивното име) под Freestyle Dust/Junior Boy's Own. Албумот се најде на британските топ- листи на место број 9 со вокалот Бет Ортон како гостин во песната "Alive Alone". На крајот синглот се продаде во над милион примероци ширум светот, а исто така се користеше и за саундтракот на ТВ сериите за научна фантастика Virtuality. Накратко откако синглот беше издаден , Chemical Brothers потпишаа договор со Virgin Records. За нивниот следен сингл, “ Life Is Sweet” во Септември 1995-TA, тие повторно повикаа вокал како гостин, нивниот пријател Тим Бургес, пејач од The Charlatans. Синглот се искачи на место број 25 на топ- листите.
Во Август 1995-та ,Chemical Brothers беа ди-џеи за Oasis на свирката на Sheffield. Свирката почна да оди во погрешна насока кога стана очигледно дека на Лиам Галагер како да не му се допаѓаа траките кои се вртеа.Најмногу со што можеа да го задоволат беше со Happy Mondays' "Wrote For Luck”. Галагер продолжи да ги оттргнува Chemical Brothers од диџеј-сетот и викна пријалел од The Verve да продолжи да пушта музика. Фаворизираше психоделичен материјал на незадоволство на публиката.
За време на 1995-та на фестивалот во Glastonboury, Роланд и Симонс имаа уште еден разговор со Ноел Галагер. Тој им кажа дека многу му се допаднал Exit Planet Dust, и праша дали може да да пее на нивната идна трака, слично како Тим Бургас во "Life Is Sweet". Тие не размислуваа многу околу понудата во тоа време со оглед на тоа колку Галагер ќе беше понтаму зафатен со издавање на албумот на Oasis' (What's the Story) Morning Glory?, и поради комплексноста на справување со меѓусебните издравачки компании. Сепак, дуото подоцна работеа на трака за која мислеа дека би имало корист да има вокал во неа. Му пратија снимка на Галагер од тоа што го сработиле. Тој работеше на тоа прекувремено, и им остави порака следното утрото дека е спремен да го сними материјалот. Траката ја нареокоа "Setting Sun" и беше конечно објавена во Октомври 1996-та. Се најде на британските топ листите на врвот давајќи му го на дуото за прв пат местото број еден. "Setting Sun" беше придружуван од многу инструментални верзии, а исто и новата трака "Buzz Tracks",која не беше ништо повеќе од диџеј алатка.Тојцата преостанати адвокати на Битлси подоцна ги им напишаа писмо на Chemical Brothers, кои тврдеа дека по грешка тврдеа ја семплувале "Tomorrow Never Knows". Вирџин рекордс најмија музикологист да докаже дека тие не ја семплувале класичната психоделична песна од 1960-та година.
Во меѓувреме, во 1996-та, Live Social Volume 1 беше издаден од Хевенли Рекордс,кој стана првиот CD микс на Chemical Brothers' (исклучувајки го Xmas Dust Up, слободниот албум кој излезе во 1994-та изданието на NME). Тоа беше првиот албум на дуото во живо, а воедно и единствен (исклучувајќи го EP Live 05).
 
).
 
''1.4.Dig Your Own Hole (1997–1998)''
 
Во Март 1997-та, Brothers ја објавија нивата втора трака од нивниот четврти албум по ред, за да му дадат на светот дел од она што може да се очекува од нив. "Block Rockin' Beats" директно се најде на првото место на британската листа, овој пат најверојатно благодарејќи на семплуваниот вокал на Scholly’D и преработката на бас линијата од синглот на 23 Skidoo "Coup". NME ја прогласија за сингл на неделата и изјавија "Чука во вашата глава како штотуку да сте се нашле во базен полн со амил" Подоцна за неа добија Греми Награда за најдобар рок инструментален настап.
Во тоа време, во Соединетите Американски Држави, "Setting Sun" беше на 80-то место на билборд топ 100 листата, откако распродадоа околу 80,000 копии што е невообичаено достигнување за Европско "dance" дело. Продажбата од Exit Planet Dust беше исто околу 150,000.
Во Мај 1999-та ,Chemical Brothers имаа три настапи во Велика Британија, во Манчестер, Шефилд и Брајтон, нивниот прв настап од декември 1997-та. Истиот месец го објавија нивниот прв оригинален материјал на кој работеле две години, трака наречена "Hey Boy, Hey Girl". Ова беше повеќе хаус верзија отколку хип-хоп. Во тогашните интервјуа, Роланд и Симонс посочија дека траката била инспирирана од ноќите поминати во клубот Гатрашер во Шефилд. Траката беше една од комерцијално достапните траки и го достигна третото место на британската листа.
 
''1.5.Surrender (1999)''
 
Tретиот албум Surrender беше издаден во јуни 1999-та година. Во него беа вклучени вокали од Noel Gallagher, Jonathan Donahue од Mercury Rev и Hope Sandoval од Mazzy Star. Како што покажа "Hey Boy, hey girl", албумот повеќе беше ориентиран кон хаус отколку претходните двa. На една од песните на албумот, која се истакнува, Out of control, Bernard Sumner од New Order поддржан од Bobby Gillespie од Primal Scream ги позајмија вокалите. Таа достигна место број 1 на топ- листата на албуми во Велика Британија и беше оценета со високи оценки од страна на печатените медиуми. Музичкиот спот за Let Forever be, режиран од Michael Gondry, кој користи видео и филмски ефекти во описот на кошмарите на една млада жена, исто така, доби големо внимание.
 
Копија од ЦД- то беше оставена во третата Blue Peter, временска капсула затворена во јануари 2000-та година.
 
''1.6.Come with us (2000-2003)''
 
Во јуни 2000-та година, Том и Ед настапија на Pyramid сцената на Glastonbury фестивалот која привлече најголема публика некогаш видена во фестивалската историја. Во август 2000-та година тие настапија пред голема публикаа на главната сцена на Creamfields фестивалот, Ирска .Во декември 2000-та година, Chemical Brothers изведуваа една од нивните нови песни, ""It Began in Afrika" на своите диџеј настапи во Њујорк поддржувајќи ги U2 .
Другите песни, "Come with us( Вовед)" и "Star Guitar( Шпица )", се најдоа на PS2 играта со наслов WRC II: Extreme. Двете песни се инструментали.
 
Песната My Elastic Eye од "Come with us" албумот во 2004-та година беше отсвирена во филмот “The Butterfly Effect” во кој глуми Ashton Kutcher и Amy Smart.
 
Крајот на 2002-та и почетокот на 2003-та година, Rowlands и Simons се вратија во студио, за да работат на новиот материјал, вклучувајќи ги и " The Golden Path ", во соработка со Вејн Coyne, пејачот на The Flaming Lips .Албумот беше излезе во септември 2003та година, во исто време како "best of” албум насловен како Singles 93-03 за одбележување на десет години од изданијата на Chemical Brothers. Singles 93-03 ги вклучува повеќето, но не и сите нивни песни.Втората нова песна, во прилог на " The Golden Path", се најде на албумот, насловен како" Get Yourself High". Singles 93-03, беше издаден и на DVD, што вклучуваше избрани живи настапи и интервјуа со Rowlands, Simons и многу од нивните соработници во текот на целиот период." Get Yourself High", во кој е вклучен канадскиот рапер K-Os како вокал, беше издаден како сингл во ноември 2003-та година.
Еlectronic Battle Weapon серијата на промотивни изданија беа обично ново снимените траки на бендот, издадени како промотивен матерјал со цел да им овозможи на диџеите да ги тестираат на клупската сцена и да ја измерат нивната популарност.
 
''1.7.Push the button (2004-2006)''
 
Во 2004-та година, Chemical Brothers почнаа да работат на “Push the button”, на својот петти студиски албум, кој има соработкa со Тим Барџис , Kele Okereke и Анвар Superstar , меѓу другите. Албумот бeше издаден на 24-ти јануари 2005-та година.
Во септември 2006-та година, Chemichal Brothers беа првите музичари кои беа вклучени во Tate Tracks. .Tate Modern покани разни групи и композитори да изберат дело кое ги инспирирало од колекцијата на галеријата за модерна модерната уметност и потоа да напишат песна за истото. Rock Drill, на Chemical Brother која беше инспирирана од скулптурата Torso in Metal from The Rock Drill на Џејкоб Епштајн и може да се слушне на слушалките во предниот дел на галеријата.Од октомври 2006-та година, исто така, стана достапна за слушнање онлајн на веб-сајтот на Тate Tracks.
 
''1.8.We Are the Night (2007-2009)''
 
Chemical Brothers го дочекаа јуни 2006-та година со најава на нивниот официјален форум дека дуото работи на нов материјал, конкретно на албум, со името "Chemical 6”. Симонс им соопшти на на сите дека бендот ќе настапува на одберани места во летото 2007-та година, наведувајќи го Рим , а исто и Лондон. Simons е цитиран како вели дека се надева дека дутото ке приреди битка на оружја летото, која веројатно се однесува на серијата "Electronic Battle Weapon " кои се во некоја мера експериментални песни кои бендот понекогаш ги објавува на “white label”
 
 
Electronic Battle Weapon 8 и 9 дебитираа на BBC Radio 1 на Пит Тонг покажани на 8-ми декември 2006-та. Двојната плоча беше конечно издадена само пред очекуваната Новогодишна свирка на Chemical Brother’s во познатиот Turnmills во Лондон Плоча имаше ограничено издание ширум светот и беше добро примена од страна на фановите, DJ-ите и критичарите. Electronc Battle Weapon 8 на околу шест и пол минути е многу различна во стилот на " big acid "кои се однесуваше на поранешните електронски битки. Таа се карактеризира со "силни удари на тапаните" со зголемена линија на синтисајзерот , и за многумина е една од најпознатите еуфорични песни кои Chemical Brothers ги имаат издадено. Верзијата на оваа песна се наоѓа на албумот We Are The Night и е насловена како " Saturate”. Electronic Battle Weapon 9 е типична денс трака на Chemical Brothers заедно со нивниот претпознатлив знак,вокали со сирени и и основни трајбл мелодии.
Во 2008-та година, музиката на Chemical Brothers , ќе биде претставена во филмската адаптација на Ирвин Велш, автор на најдобро продаваниот роман Екстаза: Трите приказни на хемиската романса.
Chemical Brothers направија нова нова трака за во саундтракот на Heroes со наслов "Keep My Composure".
Further and motion picture soundtracks (активни- 2010)
 
''1.9.Further and motion picture soundtracks (активни- 2010)''
 
На 30-ти март 2010-та година, бендот објави на нивниот веб-сајт дека нивниот седми студиски албум ќе биде насловен Further и ќе биде издаден на 22-ри јуни, додавајќи дека тоа ќе биде прво издание од овој тип што ке има посебен филм за секоја од 8-те аудио траки”. Филмовите се направени со долгoгодишните визуелни соработници Адам Смит и Маркус Lyall. Албумот е опишан како нивни најголем "психоделичен и мелодичен до сега ". Пред издавањето на албумот, бендот настапи на четири шоуа во мај во Лондонската Roundhouse каде го пуштаа албумот и неговите придружни филмови . Филмовите ќе се најдат на специјалното издание на DVD и на iTunes LP издание.
Две недели по објавувањето во врска со филмот Хана, започна да кружат гласини дека Chemical Brothers имаат снимено дел од мзуиката за филмот Black Swan, по еден пост на Ед Симонс на неговиот Twitter профил. Вториот пост на Chemical Brothers на Twitter профил се чинеше дека го потврдува тоа. На 22-ри ноември 2010-та година, беше издаден музички спот за филмот заедно со трејлерот за филмот . Овој музички спот имаше поинаква верзија од песната " Don’t think" и најави дека на филмот ќе има нова музика со од Chemical Brothers, заедно со многу други уметници. Следниот ден, имињата на осумте песни кои не беа составени од Clint Mansell - главниот композитор на Black Swan беа пуштени во етерот, и Chemical Brothers се најдоа на листата дека придонеле со три нови песни за филмот. На 29-ти ноември, ексклузивното видео беше објавено на rollingstone.com, кои содржи повеќе снимки на алтернативна верзија на "Don't Think".". Работата на Менсел беше објавена следниот ден. Нема најава сеуште дали оригинални песни кои не се од Менсел ќе бидат издадени или не.
 
'''2.Во живо'''
 
На Chemical Brothers им се припишува заслугата дека се едни од ретките со вистински електронски дела. Нивните живи настапи се состојат од прикажување психоделичени слики на големите екрани, светла и ласери проектирани над толпата. Постојат шпекулации за тоа колку од нивните живи свирки се однапред снимени, иако тие тврдат на нивната официјална веб страна), дека имаат однапред направено само краток план на редолседот на пресни , а остатокот се микса во живо. Ова може да биде потврдено од оние кои ги посетувале нивните концерти и забележале значителна разлика меѓу отсвирените сетови.
 
На 27 март 2011-та година предводеа на Ultra Music Festival во Мајами, FL и ја затворија главната сцена за време на викендот. Тие беа и на затворањето на настапот на Coachella Valley Music and Art Фестивалот во петок 15-ти Април, 2011. Chemical Brothers ќе учествуваат во Велика Британија на UK dance фестивалот Creamfields во Cheshire на 27-ми Август 2011 година.
'''
 
3.Фонт'''
 
Фонтoт се користи за пишување на "The Chemical Brothers" ,логото е изведено од Sho, дизајнирано од страна на Karlgeorg Hoefer во 1992-ta година. Оиригналнотo лого на “The Chemical Brothers” се разликува само во неколку детали од православното Sho, на пример, во буквите a и b. Mergenthaler Linotype компанијата поседува лиценцата за овој фонт.
50

уредувања