Павел Христов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 21:
 
Во [[Втората балканска војна]] е во зборната партизанска чета при ополчението. Во септември 1913 година Христов бил еден од главните организатори и раководители на [[Охридско востание|Охридско-Дебарското востание]]. На 12 септември 1913 година неговата чета заедно со четата на [[Петар Чаулев]] влегле свечено во [[Охрид]]. Павле Христов влегол во привременото раководното тело. По погромот на востанието, Христов се повлекува во [[Албанија]], каде се поврзал со албанските револуционери за нова соработка.
 
За време на [[Првата светска војна]], Павле Христов заедно со Петар Чаулев е на чело на голема организациска чета, која дејствувала во тилот на српската армија и влегол во Крушево три дена пред доаѓањето на бугарската војска. Помеѓу 1915 - 1918, кога Вардарска Македонија е во рамките на Бугарија, Павле Христов е окружен финансиски раководител, а подоцна и окружен управник на [[Битола]] <ref>Николов, Борис Й. Вътрешна Македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 180.</ref>.
 
== Извори ==