Иван Билибин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 2:
'''Иван Јаковлевич Билибин''' ({{lang-ru|Ива́н Я́ковлевич Били́бин}}; {{старстил|16 август|1876|4 август}} – [[7 февруари]] [[1942]]) е [[Русија|руски]] илустратор и сценограф, член на уметничкото друштво „[[Мир искуства]]“ и дал ликовен придонес во [[Руски балет|Рускиот балет]] („балет русе“) на Сергеј Дјалгиев. Во творештвото влечел инспирација од [[словенска митологија|словенската митологија]] и [[фолклор]].
 
Билибин е роден во Тарховка, предградие на [[Санкт Петербург]]. Во 1898 го посетувал уметничкото училиште на словенечкиот мајстор [[Антон Ажбе]] во [[Минхен]], а потоа учел ликовна уметност кај [[Илја Репин]] во Санкт Петербург. Во периодот од 1902 до 1904 го посетил северот на Русија и длабоко се воодушевил од старата дрвена архитектура и рускиот фолклор. Наодите од оваа посета ги објавил во монографијата „Народната уметност на рускиот север“ (1904). Покрај ова, Билибин се инспирирал и од [[укијо-е|традиционалните јапонски дрворези]] („укијо-е“).
 
Се прочул во 1899 кога ги објавил неговите илустрации на разни руски сказни. Во текот на [[Руска револуција од 1905|револуцијата во 1905]] цртал карикатури со револуционерен карактер. Во 1909 ја изработил сцената на премиерното прикажување на операта „[[Златното петле]]“ од [[Николај Римски-Корсаков]]. За време на [[Октомвриска револуција|Октомвриската револуција]] Билибин се почувствувач отуѓено и затоа заминал од земјата. Накратко отседнал во [[Каиро]] и [[Александрија]], па во 1925 се преселил во [[Париз]], кајшто украсувал приватни домови и [[православие|православни]] цркви. Меѓутоа Билибин тагувал по татковината, па, откако ја украсил советската амбасада во 1936, се вратил во СССР. Во Русија, Билибин предавал на [[Императорска уметничка академија|Советската уметничка академија]] сè до [[1941]].