Разлика помеѓу преработките на „Полноќно сонце“

Додадени 39 бајти ,  пред 9 години
нема опис на уредувањето
с (r2.7.1) (Бот Додава: en:Midnight sun)
[[Image:Midnight sun in Kiruna.jpg|thumb|300px|right|Полноќно сонце во [[Кируна]], [[Шведска]]]]
 
'''Поларниот ден или полноќното сонце''' е природен феномен кој се случува во летните месеци на [[Географска ширина|географски ширини]] северно и јужно близу до [[Арктик|Арктикот]], како и јужно и северно близу до [[Антарктикот]] каде сонцето останува видливо и на полноќ по локално време. Во зависност од времето сонцето може да се гледа цели 24 часа без прекин, најчесто северно од Арктикот и јужно од Антарктикот. Бројот на потенцијални поларни денови во годината се зголемува како што се приближуваме до половите.
 
Нема постојани живеалишта јужно од Антарктикот, што значи бројот на земји и територии чии населенија имаат можност да го доживеат овој феномен е ограничен на оние низ кои минува [[Арктик|Арктикот]], како на пример: [[Канада]] ([[Јукон]], [[Северозападни Територии]], [[Нунавут]]), [[Кралство Данска|Кралството Данска]] ([[Гренланд]]), [[Финска]], [[областа Сапми (Лапонија)]], [[Норвешка]], [[Русија]], [[Шведска]], [[С.А.Д.]], [[Аљаска]] и краците на [[Исланд]]. Четвртина од територијата на [[Финска]] се наоѓа северно од [[Арктик|Арктикот]], а на најсеверната точка сонцето не заоѓа 73 дена во текот на летото. На [[Шпицбершки Острови|Шпицбершките Острови]], [[Норвешка]], најсеверната населена област во Европа, нема зајдисонце приближно од 19-ти април до 23-ти август. Најекстремни места се половите каде сонцето може да биде видливо и до половина година.
44

уредувања