Ѓорѓи Николов: Разлика помеѓу преработките

Додадени 475 бајти ,  пред 11 година
[проверена преработка][проверена преработка]
== Биографија ==
Николов е роден 1883 година во [[Разлог|Разлошко]] село [[Белица (појаснување)|Белица]], тогаш во [[Отоманската империја]]. Потекнувал од родот ''Поп Теофилови''. Татко му Никола Поп Теофилов бил учесник во [[Кресненско востание|Кресненското востание]], неговиот брат Теофил Николов бил член на [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]], а неговиот вујко [[Лука Поп Теофилов]] бил егзархиски учител во [[Сер]], [[Неврокоп]], [[Мелник]] и [[Банско]] и основач на револуционерната комитет во Разлог, еден од првите раководители на Организацијата. Георги завршил беличкото училиште во 1896 година и до 1898 година учел во [[Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“|Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“]] и во [[Серско педагошко училиште|Серското педагошко училиште ]].
 
Учителствал во [[Јакоруда]] и влегол во Организацијата. По откритијата на властите се засолнил во чепинското село [[Велинград|Лажани]], Бугарија. Учествувал во [[Илинденското востание]] како војвода на чета и помагал при повлекувањето на бегалците кон Бугарија.
 
== Извори ==