Тим Бартон: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 52:
По завршувањето на снимањето во јуни 1989 година, филмот беше поддржан со најголема маркетиншка и рекламна кампања на сите времиња во историјата на филмовите и стана еден од најголемите благајни хитови на сите времиња, со заработка на повеќе од 250 милиони американски долари само во САД и 400 милиони долари низ целиот свет (бројките не се прилагодени за инфлација), а доби и одлични критики за улогите на двајцата, Китон и Николсон, како и за филмското производство на филмот, кој го освои [[Оскарот за најдобра режија]]. Успехот на филмот му помогна на Бартон да се претстави како профитабилен режисер и исто така да остави големо влијание врз иднината на суперхеројските филмови, каде се избегнуваат веселите, американски херои како ''Супермен'' на [[Ричард Донер]], а се претпочитаат помрачниот и пореален изглед, како и ликови со повеќе психолошка длабочина. Исто така, стана главна инспирација за успешниот цртан филм ''[[Бетмен:Анимираните серии]]'' во 1990тите, кој бил исто толку мрачен како и неговото продолжение Бетмен на телевизија.
Бартон тврди дека ''Убиствената шега'' има најголемо влијание врз неговата филмска адаптација на ''Бетмен'':
<blockquote>"Никогаш не бев голем обожавател на стрипови, но секогаш ги сакав улогите на Бетмен и Џокер. Уште од мал не ги сакав стриповите, а причината за тоа е што никогаш не можев да знам кој дел од текстот беше следен за читање. Не знам дали тоа беше [[дислексија]] или нешто друго, но затоа го сакав ''Убиствената шега'', бидејќи за прв пат знаев кој дел од текстот треба прво да го прочитам. Тој ми е омилен. Тој е првиот стрип што некогаш сум го сакал. И успехот на тие графички новели ги направија поприфатливи нашите идеи."</ref></blockquote>