Данаил Крапчев: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 13:
== Биографија ==
Роден е во Прилеп на 15 декември 1880 година. Во 1898 година завршува [[Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“|Солунскаta машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“]], а во 1906 година [[историја]] на [[Софиски универзитет|Софискиот универзитет]]. Истата година започнал со новинарската активности во неделното списание [[Македонско-одрински преглед (весник)|Македонско-одрински преглед]], по што станува нелегален четник на Организација. Во 1907 година заедно со [[Пејо Јаворов]] и [[Васил Пасков]] го редактирал весникот "[[Илинден (весник)|Илинден]]" во Софија.
 
Следната 1908 година го уредува истовремено весник "Татковина" и весникот "Роднина" во Солун. Во периодот меѓу 1909-1912 го издавал весникот [[Вардар (весник 1911 - 1912)|"Вардар"]] во Софија и последователно го преименувал на други реки "Места", "Струма", "Марица", "Брегалница" за да ја надмине забраната во Турција. Во 1912 година Данаил Крапчев е повторно четник заедно со Јаворов. Истата година го уредувал весникот "Бугарин" во Солун.
 
По [[Втората балканска војна]] е уредник е на органот на бугарската демократската партија "Прјапорец" во Софија. Во периодот меѓу 1915-1918, Данаил Крапчев е воен дописник на весниците "Воени известувања", "Добруџа"и "Прјапорец". Во 1919 година создаал независен информативен весник "Зора", на кој е директор до крајот на својот живот. Во исто време е директор-сопственик на акционерско друштво "Бугарски печатење"и "Печат". Член е на [[Македонски научен институт|Македонскиот научен институт]].
 
== Извори ==