Милан Матов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 14:
Милан Матов е роден на 8 ноември 1875 година во [[Струга]], тогаш во [[Отоманската империја]]. Останува особено близок со својот брат [[Христо Матов]], еден од идеолози на [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]]. Милан Матов завршил во [[Битолска машка гимназија|Битолската машка гимназија]]. Од 1895 година е член на Организацијата, а од 1900 година е член на околискиот револуционерен комитет во Струга. Двајцата браќа се многу блиски и со поетот и револуционер [[Пејо Јаворов]]<ref>[http://todoralexandrov.hit.bg/mp/najdenova.html Найденова, Ганка, „П. К. Яворов и Тодор Александров“]</ref> Од јули 1902 до март 1903 година лежи во затворот во [[Охрид]].
 
За време на [[Илинденското востание]] е четник при војводата [[Лука Групчев]] [[I востанички округ - Битолски]]. Во 1904-1905 година учителствал во Струга. Од 1905 година е член на окружниот комитет на Битолскиот револуционерен округ, а од јуни 1907 година е негов претседател и истовремено Битолски окружен војвода <ref>Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001., стр.101.</ref>. Како таков е пречекан од официјална делегација по прогласувањето на [[Младотурската револуција]] <ref>[http://www.promacedonia.org/tn/tn_25.html Николов, Тома, „Спомени от моето минало“, Изд. на Отеч. фронт, София, 1989 г.]</ref>. Во своитепериодот спомени,помеѓу 1909-1911 година Милан Матов зае училишен тојинспектор периодво истакнува:Струга.
 
Во [[Првата балканска војна]], Милан Матов бил војвода на чета № 24 при [[Македонско-одринско ополчение|Македонско-одринското ополчение]] во Битолско <ref>Гоцев, Димитър. Национално-освободителната борба в Македония 1912 - 1915, Издателство на БАН, София, 1981, стр. 21.</ref>, потоа служи во 3 чета на 6 Охридска дружина, а за време на [[Втората балканска војна]] е во зборната партизанска чета на МОО <ref>„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 433 и 893.</ref>.
:
 
По војната, Матов е меѓу главните организатори на [[Тиквешко востание|Тиквешкото]] и [[Охридско востание|Охридско-Дебарско востание]] заедно со [[Петар Чаулев]], [[Павел Христов|Павле Христов]], [[Антон Шибаков]] и други.
 
По завршувањето на [[Првата светска војна]], Милан Матов станал активен член на [[Илинденската организација]] и на [[Македонски научен институт|Македонскиот научен институт]], а издава и свој спомени насловени "Спомените на Милан Матов, во тој период се залагал за крај на братоубиствените борби во [[ВМРО (Автономистичка)|ВМРО]].
 
== Извори ==