XML: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''XML''' (англ. Extensible Markup Language) - наследникот на SGML, е едноставен, многу флексибилен ја...
(нема разлика)

Преработка од 10:00, 31 мај 2011

XML (англ. Extensible Markup Language) - наследникот на SGML, е едноставен, многу флексибилен јазик за форматирање на текст, односно претставува множество на правила за енкодирање на документи. XML игра многу важна улога во размената на голема разноликост на податоци како на Веб така и на други места. XML e подмножество на SGML, дизајнирано за да ја олесни имплементацијата на парсер - от во споредба со целосниот SGML парсер, примарно за користење на WWW. XML додава неколку дополнителни ограничувања на SGML синтаксата како на пример не дозволува незатворени почетни и завршни ознаки.

По дефиниција XML документот e низа од карактери. Речиси секој легален Unicode карактер може да се појави во еден XML документ. Карактерите кои што го прават XML документот се поделени на карактери за означување и карактери кои ги содржат самите податоци кои ни се потребни. Секоја низа од карактери која се користи за означување или започнува со "<" и завршува со ">" (се нарекува ознака, на пример <секција>) или започнува со "&" а завршува со ";". Секоја друга низа на карактери која не наликува на претходно опишаната низа, ја претставува содржината на информацијата која се проследува со документот.

XML е јазик за означување сличен на HTML, дизајниран за опис на податоци, кои всушност и ги носи во себе. XML не е замена за HTML туку претставува негов комплемент. XML - от е дизајниран за да ги опише податоците и се фокусира на тоа што се податоците, додека HTML е дизајниран за приказ на податоци и се фокусира на тоа како тие ќе бидат прикажани. XML ознаките не се предефинирани. На корисникот му е оставен делот за инвентивност при користење на ознаките, т.е. корисникот сам си дефинира ознаки и ја прави структурата на документот. Наспроти ова ознаките кои се користат во еден HTML документ и нивната структура се предефинирани. Авторите на HTML документот може да користат само ознаки кои се дефинирани во HTML стандардот. XML користи DTD (англ. Document Type Definition) или XML Schema за да ги опише податоците. Ваквиот XML е дизајниран да биде самоопишувачки. XML - от е препорака на W3C. Тој е бесплатен и лесен за проширување. XML документот не прави ништо. Тој се креира за структурирање, зачувување и пренесување на информацијата.

Пример за XML

<предмет>
<година>2011</година>
<факултет>ФЕИТ</факултет>
<семестар>Летен</семестар>
<студии>Магистарски</студии>
<име>Колаборативни Компјутерски Системи</име>
</предмет>

Од горе наведениот пример, за предметот се структурирани информации за која година се слуша, на кој факултет, кој семестар, кое ниво на студии, како е името на предметот. XML документот не прави ништо, само претставува информација која е обвиткана во XML ознаките. Некој мора да напише парче софтверски код кој ќе манипулира со овие податоци односно информации, софтвер кој ќе ги испраќа, прима, обработува овие податоци и слично.

XML - от е присутен насекаде, тој станува најупотребувана алатка за манипулација со податоци и податочно пренесување на информација. Брзото прифаќање на неговата употреба од страна на голем број на развивачи на софтвер се должи на тоа што тој не се врзува за конкретна платформа и е независна алатка за пренесување на информација т.е. податоци во однос на примената на софтвер и хардвер при градењето на апликацијата.

Апликациите на XML вклучуваат: XHTML, XQuery, XSLT, XForms, XPointer, JSP, SVG, RSS, Atom, XML-RPC, Семантички Веб, SOAP и друго.