Анри Динан: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 88:
По враќањето во [[Женева]], во почетокот на јули, Динан решил да напише книга за неговите искуства, која ја нарекол ,,Сеќавањата на Солферино”. Била издадена во 1862 год. во издание од 1600 копии и била изпечатена на сопствен трошок на Динан. Во рамките на книгата тој ја опишал битката, нејзината цена, како и хаотичните услови по нејзиното завршување. Исто така, тој ја развил и идејата дека во иднина потребно е да постои неутрална организација која ќе обезбедува грижа за ранетите војници. Книгата ја дистрибуирал до многу водечки политички и воени фигури во Европа.
 
Динан започнал и да патува низ Европа за да ги промовира своит идеи. Пошироко, неговата книга била позитивно прифатена, а Претседателот на Женевското општество за јавно богатство, правникот [[Густав Мојние]], овозможил книгата и неговите предлози да бидат тема на состанокот на организацијата одржан на 9 февруари 1863 год. Препораките на Динан биле разгледани и позитивно оценети од страна на членовите. Создале комитет од 5 лица за понатаму да ја продолжат можноста за нивно спреоведувањеспроведување, а Динан бил еден од членовите. Другите биле Мојние, [[швајцарски|швајцарскиот]] генерал на војската Хенри Дуфор, и докторите Луј Апија и Теодор Мајноар. Нивниот прв состанок, на 17 февруари 1863 год., денес се смета за датум на основањето на [[Меѓународен комитет на Црвениот крст|Меѓународниот комитет на Црвениот крст]].
 
Од почетокот па натаму, Мојниер и Динан имале се поголеми несогласувања и конфликти во однос на нивните сопствени визии и планови. Мојниер сметал дека идејата на Динан да основа неутрална заштита за оние кои ќе обезбедуваат нега за ранетите е неверојатна и го советувал Динан да не инсистира за таквиот концепт. Сепак, Динан продолжил да ја застапува оваа позиција во неговите патувања и разговори со високо рангирани политички и воени фигури. Тоа го засилило личниот конфликт помеѓу Мојниер, кој зазел прилично прагматичен пристап кон овој проект, и Динан, кој бил визионерскиот идеалист помеѓи петте члена. Тоа го предизвикало Мојниер да направи напори за напад на Динан и да се обиде да го преземе лидерството.