Константин Стоилов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 19:
 
За време на кризата по абдикација на кнез [[Александар I Батенберг|Александар I]], Стоилов ги поддржувал напорите на [[Стефан Стамболов]] за стабилизација на Бугарија. Тој учествува во делегацијата која го поканила [[Фердинанд I|Фердинанд]] Сакс-Кобург-Гота да седне на бугарскиот трон. Во период помеѓу 1886-1888 година Стоилов учествувал во привремената влада на [[Петко Каравелов]], во таа на [[Васил Радославов]], а самиот тој ја за кратко време го предводел Министерскиот совет, а потоа бил министер за правда во владата на [[Стефан Стамболов]]. Енергично ја поддржувал градежната политика на владата насочена кон градење на инфраструктурата - автопати, железнички пруги, пошти и телеграфски линии, сметајќи дека таквата политика е материјална основа на националната безбедност и моќ на Бугарија.
 
Во 1888 Константин Стоилов преминал во опозиција против владата на [[Стефан Стамболов]] и по неговото паѓање во 1894 ја предводе привремената влада што била одговорна за спроведување на изборите. Ја предводел новоформираната Народна партија, која освоила мнозинство по што Стоилов е повторно станал премиер во периодот меѓу 1894-1899 година. При неговото управување продолжил економскиот подем на Бугарија, кој започнал со владата на Стамболов. При оваа влада бил донесен првиот закон за покровителство на домашната индустрија, со рок на дејствување на 10 години.
 
== Извори ==