Константин Стоилов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 10:
починал-место= [[Софија]], [[Бугарија]]|
}}
'''Константин Стоилов Константинов''' бил бугарски политичар, еден од раководителите на Конзервативната партија, а подоцна на новооснованата, од него, Народна партија. Стоилов два пати бил премиер на [[Бугарија]]. Првиот пат за време на политичката криза по абдикацијата на кнезот [[Александар I Батенберг|Александар I]] (10 јули 1887 - 1 септември 1887), а вториот - по падот на [[Стефан Стамболов]] (19 мај 1894 - 18 јануари 1899) <ref>Ташев, Ташо. Министрите на България 1879-1999. София, АИ „Проф. Марин Дринов“ / Изд. на МО, 1999</ref>.
== Биографија ==
Студирал во пловдивското епархиско училиште и Роберт колеџот - [[Цариград]] во 1873. Стоилов завршил право во Хајделберг во 1877 година. Доктор по право на универзитетот. За време на школувањето во Роберт колеџот и Хајделберг младиот Стоилов водел многу строг и организиран живот. Сето време, сè во него е потчинето на учење. Според традицијата на почетокот на учебната година учениците од последниот клас изрекувале говор по слободно избрана тема. Темата на Стоилов била "Тишината на историјата на бугарскиот народ". Со својот говор ги освоил слушателите и гостите, меѓу кои имало и амбасадори на големите држави.