Константин Стоилов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 14:
Студирал во пловдивското епархиско училиште и Роберт колеџот - [[Цариград]] во 1873. Стоилов завршил право во Хајделберг во 1877 година. Доктор по право на универзитетот. За време на школувањето во Роберт колеџот и Хајделберг младиот Стоилов водел многу строг и организиран живот. Сето време, сè во него е потчинето на учење. Според традицијата на почетокот на учебната година учениците од последниот клас изрекувале говор по слободно избрана тема. Темата на Стоилов била "Тишината на историјата на бугарскиот народ". Со својот говор ги освоил слушателите и гостите, меѓу кои имало и амбасадори на големите држави.
[[Податотека:Plovdiv-Konstantin-Stoilov-house.jpg|мини|лево|250п|Родниот дом на Стоилов во стариот град во Пловдив ]]
По враќањето во Бугарија бил судија во [[Пловдив]] и [[Софија]] (1878-1879) и ја раководел Канцеларијата (1879-1880) и Политичкиот кабинет (1880-1883) на кнезот [[Александар I Батенберг|Александар I]]. Во 1884 станал редовен член на Бугарското книжевно друштво. Бил активен дејник на Конзервативната партија и го поддржувал режимот на овластувањата и за краток периоди заземал министерски функции во владата без премиер, со Леонид Соболев и во вториот кабинет на [[Драган Цанков]].
 
== Извори ==