Грузиска православна црква: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 9:
Веднаш со пристигнувањето на [[апостол Андреј]], тој го започнал своето проповедање, и притоа крстил голем број од населението. Според преданието, на местото каде апостолот ја поставил иконата на [[Пресвета Богородица]], се отворил исцелувачки извор од вода. Поради ова, во нејзина чест бил изграден манастир.
 
Првата грузиска епархија била основена во [[Ацкури]], од страна на [[апостол Андреј]]. Најстара позната денес црква во [[Грузија]] датира од [[3 век]] и се наоѓа во [[Настакиси]], во источна Грузија. Од [[303]] година, Нино од [[Кападокија]] започнал да го приповеда христијанството во Иберија и во [[317]] година христијанството било признаено како официјална државна религија на земјата од страна на царот [[Миријан II]] и неговата сопруга Нана. Христијанизацијата во западните делови на Грузија конечно завршила во текот на [[6 век]]. [[Свети ЃоргиГеорги Победоносец]] бил сметан за покровител на земјата, од каде и доаѓа името на земјата на голем број европски јазици (''Georgia'').
 
Од почетокот на [[4 век]], Грузиската православна црква била под јурисдикција на [[Антиохиска патријаршија|Антиохиската патријаршија]]. Таа станала автокефална во [[466]] година, кога епископот Мцхета бил прогласен за католикод на Картли. Во периодот од [[6 век]] до [[9 век]], земјата претрпела голема трансформација, со појавата на [[монаштво]]то. Еден од најпознатите центри на христијанската култура се Грузискиот манастир во [[Синај]], манастирот Иврион во [[Атон]], Бачковскиот манастир во [[Тракија]] и.т.н.
 
Во [[1010]] година, катокликосот на Картли бил издигнат до патријарх и започна да ја носи титулата католикос-патријарх на цела Грузија. Монголските и турските инвазии во периодот од 13 до 15 век се одразиле многу тешко на христијанството во земјата. Од [[15 век]], црквата како и државата била разделена на два дела, кои биле управувани од два католикос-патријарх.
 
Во почетокот на 19 век, Грузија паднала под силно влијание на Русија. Во 1801 година Источна Грузија влегла во состав на Руската империја. Во 1811 година Светиот Синод му го одзела чинот Патријарх на Антониј II и го поништил патријаршиството во Грузија. Така, Грузиската автокефална црква била лишена од својата автокефалност и била потчинета под Руската православна црква. Од 30 јуни 1811 година Грузиската Црква имала статус на Грузиски егзархат на Руската Црква. И покрај тоа што имало најразлични отпори, сепак грузискиот јазик бил заменет со руски во богослужбата.
Со започнувањето на Руската револуција во 1917 година, грузиските епископи повторно ја повратиле автокефалноста на црквата. Но ова не било признаено од страна на Руската православна црква, како и од Болшевиците, кои земјата ја зазеле во 1921 година. Во следните години, црквата била подложена на силни притисоци и закани. Голем број на цркви биле затворени, а стотици монаси и свештеници биле убиени.