Грузиска православна црква: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 6:
 
Според традицијата и верувањата, во времето кога апостолите биле испратени за да го проповедат [[Евангелие]]то на народите по целиот тогашен свет, [[апостол Андреј]] се упатил кон Колхида и Иберија. Според една друга легенда, [[апостол Симон]] исто заминал кон [[Кавказ]], каде бил погребан во едно село блиску денешниот град Сухуми. На овие простори проповедал и Матеј, Вартоломеј и Тадеј.
 
Веднаш со пристигнувањето на [[апостол Андреј]], тој го започнал своето проповедање, и притоа крстил голем број од населението. Според преданието, на местото каде апостолот ја поставил иконата на [[Пресвета Богородица]], се отворил исцелувачки извор од вода. Поради ова, во нејзина чест бил изграден манастир.
 
Првата грузиска епархија била основена во [[Ацкури]], од страна на [[апостол Андреј]]. Најстара позната денес црква во [[Грузија]] датира од [[3 век]] и се наоѓа во [[Настакиси]], во источна Грузија. Од [[303]] година, Нино од [[Кападокија]] започнал да го приповеда христијанството во Иберија и во [[317]] година христијанството било признаено како официјална државна религија на земјата од страна на царот [[Миријан II]] и неговата сопруга Нана. Христијанизацијата во западните делови на Грузија конечно завршила во текот на [[6 век]]. [[Свети Ѓорги Победоносец]] бил сметан за покровител на земјата, од каде и доаѓа името на земјата на голем број европски јазици (''Georgia'').