Доселување: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
додавање на слики
печатни грешки
Ред 45:
|}<noinclude>[[Category:Law templates]]</noinclude>
 
На терминот "имигрант„имигрант" често се гледа потценувачки. Лицето кое се населува од посиромашна во побогата земја се нарекува имигрант, а пак лицата кои потекнуваат од побогата земја, а имаат постојано живеалиште во посиромашна земја самите се нарекуваат “доселеници”„доселеници” или претпочитаат да велат дека се повлекле, а не дека имигрирале во земја со подобри климатски услови и пониски трошоци за живот.
 
==Статистика==
Ред 75:
 
===Регионални фактори за имиграција===
Во принцип, на граѓаните на една земја-членка на [[Европска унија|Европската унија]] им е дозволено да работат во друга земја-членка со мало или никакво ограничување на движењето. Ова е потпомогнато од мрежата на ЕУРЕС која ги поврзува [[Европска Комисија|Европската комисија]] и јавните служби за вработување на земјите кои се дел од Европската економска област и [[Швајцарија]]. За оние кои не се државјанина ЕУ, а се жители со постојан престој во ЕУ, движењето меѓу земјите-членки на ЕУ е значително потешко. По новите бранови на пристапување кон Европската унија, првите земјите-членки често воведуваа мерки за ограничување на учеството во “нивните“„нивните“ пазари на трудот од страна на граѓани од новите земји-членки на ЕУ. На пример, Австрија, Белгија, Данска, Франција, Германија , Грција, Италија, Луксембург , Холандија, Португалија и Шпанија го ограничија својот пазар на трудот за период од 7 години во бранот на пристапување од 2004 и 2007 година.
 
Поради политиката на единствен внатрешен пазар на трудот на Европската унија , во принцип, земјите како што се [[Италија]] и [[Република Ирска]], кои имале релативно многу ниски нивоа на имиграција на работната сила се до неодамна (и кои во минатото често испраќале значителен дел од своето население во странство), денес се соочуваат со прилив на имигранти од земјите на ЕУ кои имаат пониски годишни стапки на заработувачка по жител, што предизвика општонародни дебати во врска со имиграцијата.
Ред 83:
[[Обединетото Кралство]], [[Франција]] и [[Германија]] се соочија со голем број миграции од крајот на Втората светска војна и со децении дебатираат за проблемот. Странските работници беа донесени во овие земји за да помогнат во обновата по војната и многумина останале. Политичките дебати околу имиграцијата обично се фокусираат на статистиката , законот за имиграција и политиката за имиграција и на спроведувањето на постоечките ограничувања. Во некои европски земји, во деведесеттите години од 20 век дебатата била фокусирана на барателите на азил, но рестриктивните политики во рамките на Европската унија , како и намалувањето на вооружените конфликти во Европа и соседните региони, нагло го намалиле бројот на баратели на азил.
 
Некои држави, како [[Јапонија]], се одлучија за технолошки промени со цел да ја зголемат профитабилноста (на пример поголема автоматизација) и донесоа закони за имиграција, особено за да го спречат надоаѓањето на имигрантите и нивното населување во земјата. Меѓутоа, глобализацијата како и ниската стапка на наталитет и стареењето на работната сила ја принудија Јапонија да ја преиспита својата имиграциона политика. Исто така, јапонското колонијално минато претвори во Јапонци значителен број на луѓе кои не потекнуваат од Јапонија. Сепак, Јапонија врши строга контрола на имиграцијата и во 2009 година, покрај широкоградата помош од странство за бегалците, таа им даде политички азил само на 30 луѓе. Јапонскиот министер [[Таро Асо]] ја опиша Јапонија како уникатна, со тоа што е “една„една нација,една цивилизација,еден јазик ,една култура и една раса.”
 
Во САД политичката дебата за имиграцијата постојано се разгоруваше откако САД станаа независни. Некои од екстремната левица од политичкиот спектар ја припишуваат анти имиграционата реторика на необразованото и тесноградо малцинство од населението составено само од припадници на белата раса, неуки за релативните предности на имиграцијата за економијата и општеството на САД. Додека оние од екстремната десница сметаат дека имиграцијата го загрозува националниот идентитет, ја поевтинува на работната сила и ја зголемува зависноста од социјална помош.
Ред 95:
 
==Етика==
Иако слободата на движењето често е признаена како граѓанско право , слободата се однесува само на движењето во рамките на националните граници, што може да биде гарантирано со устав или со закони за човековите права. Во дополнение, оваа слобода е често ограничена на државјаните, а ги исклучува останатите. Денес ниту една држава не дозволува целосна слобода на движењето преку нејзините граници, а меѓународните договори за човекови права не даваат општо право на влез во друга држава. Застапниците на имиграцијата тврдат дека, според член 13 од Универзалната декларација за човековите права (УДЧП), секој има право да излезе или да влезе во некоја земја и да се движи во рамките на таа земја (внатрешна миграција), иако член 13 всушност ја ограничува слободата на движење „во рамките на границите на секоја држава.” Исто така, УДЧП не спомнува влез во други земји со тоа што наведува дека “секој„секој има право да напушти која било земја, вклучувајќи ја и својата, и да се врати во родната земја.” Некои сметаат дека слободата на движењето во и меѓу земјите е основно човеково право и дека рестриктивните имиграциони политики, карактеристични за националните држави , го прекршуваат ова човеково право на слобода на движење. Ваквите аргументи се вообичаени меѓу антидржавните идеологии како анархизмот и либертарианизмот. Како што напишал филозофот и активист за отворени граници” Јакоб Апел (Jakob Appel) : “Различното„Различното третирање на луѓето , само поради тоа што тие биле родени на спротивната страна од националната границата, тешко може да се оправда со која било предоминантна филозофска , религиозна или етичка теорија.”
 
Онаму каде што имиграцијата е дозволена , тоа е главно селективно. Повторното обединување на семејството се вбројува во околу две третини од легалната имиграција во САД секоја година . Етничката селекција ,како што е политиката на бела Австралија , генерално исчезна, но предност најчесто им се дава на образованите, квалификуваните и богатите. Помалку привилегираните лица, вклучувајќи ја масата сиромашни луѓе во земјите со низок приход , не можат да ги искористат можностите за легалната и заштитена имиграција кои ги нудат богатите земји. Исто така, оваа нееднаквост беше критикувана како противречна на принципот на еднакви можности ,кои се применуваат (барем во теорија) во рамките на демократските национални држави.
Фактот дека вратата е затворена за неквалификуваните , додека во исто време многу развиени земји имаат огромна побарувачка на неквалификувана работна сила , е главен фактор во нелегалната имиграција. Контрадикторната природа на оваа политика – која особено во подредена улога ги става неквалификуваните имигранти, а во исто време го експлоатира нивниот труд- исто така беше критикувана врз етички основи.
 
Имиграционите политики кои селективно им доделуваат слобода на движење на одредени поединци, се наменети да создадат економска нето добивка за земјата -домаќин. Таквите политики создаваат загуби за сиромашните земји –донатори преку загубата на образуваното малцинство – таканаречен “одлив„одлив на мозоци”. Ова може да ја зголеми глобалната нееднаквост во стандардите на живеење, кои пред сè ги мотивираат поединците да мигрираат. Пример за “натпреварување„натпреварување за квалификувана работна сила” е активното регрутирање на здравствени работници од земјите на Третиот свет во земјите во Првиот свет.
 
==Емиграција по земја==
Ред 108:
===Азија===
====Израел====
Имиграцијата на Евреите во [[Палестина]] во текот на 19 век беше промовирана од австро-унгарскиот новинар Теодор Херцл (Theodor Herzl) кон крајот на 19 век, по објавувањето на книгата Еврејската држава .“ Неговото ционистичко движење се обидуваше да ја охрабри миграцијата на Евреите, или имиграцијата кон Палестина. Неговите поборници на неговата цел гледаат како на самоопределување за еврејскиот народ. Со создавањето на ционистичкото движење
,процентот на Евреите во светот кои живеат во поранешниот британски мандат во Палестина од првичните 25 000 Евреи постојано растеше. Денес, околу 40 % од Евреите во светот живеат во Израел , повеќе отколку во која било друга земја. Израелскиот Закон за враќање на Евреите , донесен во 1950 година, им дава право на оние кои се родени Евреи, (оние кои имаат мајка или баба Еврејка), оние со еврејско потекло (оние кои имаат татко или дедо Евреин) и оние кои го прифатиле Јудаизмот (од православна, реформистичка или конзервативна вероисповед , но не од секуларизам, иако преобратувањето од реформисти и конзервативци мора да се направи надвор од земјата , што е слично со граѓанските бракови), да имигрираат во Израел. Амандманот на законот од 1970 година, ги прошири правата на имиграција на “детето„детето и внукот на Евреинот, брачниот другар на Евреинот, брачниот другар на детето на Евреинот и брачниот другар на внукот на Евреинот.” Од деведесеттите години од 20 век, над милион Евреи од поранешниот Советски Сојуз имигрираа во Израел, а голем број од Евреите од Етиопија со воздушен мост беа пренесени во Израел во “операцијата„операцијата Мојсеј”. Во последниве години , над 16 000 баратели на азил од Африка влегоа во Израел. Во 1991 година, Израел им помогна на 14 000 имигранти од Етиопија да пристигнат како дел од операцијата “Соломон”„Соломон”.
 
====Јапонија====
Ред 121:
===Европа===
Според Статистичкиот завод на европските заедници (Евростат), денес некои земји- членки на ЕУ примаат голем број имигранти, како на пример Шпанија , во која во текот на изминатите 5 години економијата отвори повеќе работни места од сите други ЕУ држави заедно. Во 2005 година, од меѓународната миграција ЕУ имаше целокупна нето добивка од плус 1,8 милиони луѓе. Ова изнесува речиси 85 % од вкупниот пораст на населението во Европа во 2005 година. Во 2004 година , вкупно 140 033 луѓе имигрирале во Франција, од кои 90 250 биле од Африка и 13 710 од Европа. Во 2005 година, имиграцијата се намали на 135 890 имигранти. Емиграцијата на Британците во Јужна Европа е од особена важност. Граѓаните на Европската унија сочинуваат голем дел од имигрантите во Шпанија. Тие претежно доаѓаат од земји како Велика Британија и Германија, но британскиот случај е особено интересен поради неговите размери.
Британските власти проценуваат дека британското население во Шпанија изнесува 700 000 имигранти. Среднорочните и долгорочните демографски податоци на ЕУ укажуваат на недостаток од квалификувана работна сила до степен кој би го загрозил економскиот пораст и стабилноста на голем број индустрии. Поради оваа причина во 2009 година Европската унија започна иницијатива наречена “Сина„Сина карта” на ЕУ. Сината карта на ЕУ првично била наменета за привремен престој и работна дозвола. Меѓутоа таа ќе им понуди можност на лицата кои ја поседуваат оваа карта да аплицираат за постојана дозвола за престој, откако непрекинато ќе работат две до пет години за да се здобијат со Сината карта на ЕУ, во зависност од поединечните прописи на секоја земја- членка. Во наредните години, земјите- членки на ЕУ постепено ќе ги прифаќаат барањата за Сина карта на ЕУ. Во процесот на аплицирање, од особено голема важност е да се има склучен договор за работа со организација која е дел од ЕУ. Во јануари 2010 година, за да се поедностави ова барање Европската комисија започна база на податоци на Сината карта на ЕУ.
 
====Италија====
Ред 153:
====Канада====
[[File:Chinatown toronto spadina avenue.JPG|thumb|Кинески кварт во центарот на [[Торонто]], [[Онтарио]]. Во март 2005 година, Статистичката служба на Канада предвидува дека до 2012 година населението што претставува малцинство ќе го сочинува мнозинството во Торонто и Ванкувер.]]
Водена од економската политика и повторното обединување на семејството Канада има највисока нето стапка на имиграција по жител во светот и во 2010 година планира меѓу 240 000 и 265 000 нови постојани жители. Во 2001 година во Канада имигрирале 250 640 луѓе. Новодојдените главно се населуваат во големите урбани средини на Торонто, Ванкувер и Монтреал. Од деведесеттите години од 20 век , мнозинството од имигрантите во Канада доаѓаа од Азија. Водечки земји на емиграција во Канада се Кина, Филипините и Индија. Во Канада, доколку некого го обвинат за расизам најчесто се смета за сериозна навреда.Денес, сите политички партии се претпазливи кога го критикуваат високото ниво на имиграција бидејќи, како што се наведува во канадскиот весник “ Глоуб„Глоуб енд Мејл” (Globe & Mail), во раните деведесетти години од 20 век старата реформска партија на Канада беше обележана како “расистичка”„расистичка” бидејќи предложила намалување на нивото на имиграција од 250 000 на 150 000 имигранти.
 
====САД====
Ред 159:
Историчарите проценуваат дека помалку од 1 милион имигранти- можеби само 400 000- го преминале Атлантикот за време на 17 и 18 век. Во 18 век релативно малку имигранти се доселиле од Англија : само 80 000 имигранти се доселиле помеѓу 1700 и 1775 година, споредено со 350 000 имигранти кои се доселиле за време на 17 век. Освен тоа, помеѓу 17 и 19 век, околу 645 000 Африканци беа донесени на територијата на денешен [[САД]]. Во почетоците на САД имиграцијата изнесуваше помалку од 8 000 луѓе годишно. По 1820 година, имиграцијата постепено растеше. Од 1850 до 1930 година странското население од САД се зголеми од 2,2 милиони на 14,2 милиони имигранти. Во САД , во овој период имаше највисок процент на странци, што во 1890 година го достигна својот врв со 14,7 % . Во текот на овој период, пониските трошоци за патување преку Атлантскиот Океан во однос на времето и цената на превозот го направија преселувањето на имигрантите во САД поповолно отколку во претходните години. Од 1880 до 1924 година, над 25 милиони Европејци мигрираа во САД. По овој период имиграцијата се намали, бидејќи во 1924 година Конгресот го донесе Актот за ограничување на имиграцијата од 1924 година, што беше во прилог на земјите кои се извор на имиграција и кои до 1980 година веќе имале голем број имигранти во САД. Моделите на имиграција од триесеттите години од 20 век беа доминирани од Големата криза и во почетокот на триесеттите години од 20 век поголем број луѓе емигрираа отколку што имигрираа во САД. Во текот на четириесеттите и педесеттите години од 20 век имиграцијата продолжи да се намалува, но потоа повторно се зголеми.
 
Амандманите на законот за имиграција и националност од 1965 година (Hart-Celler Act) ги отстранија ограничувањата на големите сегменти на приливот на имигранти и се зголеми легалната имиграција во САД. Во 2006 година бројот на имигранти достигна рекордни 37,5 милиони. По 2000 година, имиграцијата во САД изнесуваше околу 1,000,000 имигранти годишно. И покрај построгиот граничен надзор по 9/11, од 2000 до 2005 година околу 8 милиони имигранти се населија во САД -повеќе отколку во кој било друг период од 5 години во историјата на земјата. Речиси половина влегоа нелегално. Во 2006 година 1, 27 милиони имигранти добија легален престој. Повеќе од 2 децении, Мексико беше водечки извор на нови жители во САД и од 1998 година Кина, Индија и Филипините секоја година се наоѓаа меѓу првите четири земји кои испраќаа имигранти во САД. САД често се нарекува “мешавина„мешавина од раси и идеи” (што потекнува од Карл Н. Деџлер, историчар и автор на делото “Од„Од нашето минато” , (Carl N. Degler, “Out of our Past”)) и е назив кој потекнува од богатата традиција на имигранти во Соединетите Американски Држави, кои доаѓале во САД во потрага по нешто подобро и ги мешале и приклучувале своите култури кон структурата на земјата.
 
Назначена од претседателот [[Бил Клинтон|Клинтон]], Комисијата за имиграциски реформи во САД, управувана од Барбара Џордан, повика на намалување на легалната имиграција на околу 550 000 имигранти годишно. Од 11 септември, 2001 година политиката на имиграција станала исклучително жешко прашање и била главна тема за време на изборниот циклус од 2008 година.
Ред 170:
 
====Нов Зеланд====
[[Нов Зеланд]] има релативно отворена политика за имиграција. 23% од населението е родено во странство, главно во Азија, Океанија и Обединетото Кралство, што претставува една од најголемите стапки на имиграција во светот. Од 2009 до 2010 година , “Имиграција„Имиграција Нов Зеланд “ (Immigration New Zealand ) постави цел од 45 000 ± 5000 имигранти.
 
==Економски ефекти==
Институтот Катон утврди дека имиграцијата има мало или дека воопшто нема никакво влијание врз доходот на локалното население. Институтот Брукингс утврдил дека како резултат на имиграцијата во периодот од 1980 до 2007 година платите се намалиле за 2,3 % . Центарот за истражување на имиграцијата утврдил дека во периодот од 1980 до 2000 година како резултат на имиграцијата платите се намалиле за 3,7 %.
 
Според Европскиот центар за следење на расизмот и ксенофобијата (ЕУМЦ), во„во Европа 28 % од странците кои се на возраст помеѓу 25 и 49 години не можат да најдат работа, а стапките на невработеност се високи 35 % кај Турците и Пакистанците и 60 % кај неодамнешните групи имигранти како Сомалијците.”
 
[[Категорија:Имиграција]]