Бесправно доселување: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
овие неколку промени се однесуваат на печатни грешки
Ред 170:
 
===Сирија===
Од март 2003 година, по инвазијата врз Ирак предводена од Америка, се зголемил бројот на бегалци од Ирак . Обединетите Нации проценуваат дека од 2003 година приближно 2 200 000 Иранци ја напуштиле земјата, од кои секој месец приближно 100 000 пребегнуваат во [[Сирија]] и Јордан. Голем број од оние кои заминуваат во Јордан и Сирија создаваат демографски поместувања кои ги загрижуваат и двете влади. Бегалците се заглавени во сиромаштија, бидејќи најчесто не можат да најдат работно место во земјите-домаќини.
Властите во Сирија стравуваат дека новиот прилив на бегалци би ги ограничил ресурсите на земјата. За изворите како нафтата, греењето, водата и струјата се вели дека стануваат сè повеќе оскудни откако се зголемила побарувачката. На 1 октомври 2007 година новинарските агенции соопштија дека Сирија повторно ги наметнала рестрикциите врз бегалците од Ирак, како што изјави портпаролот на високиот комесар за бегалци на ОН. Според новите правила на Сирија, само ирчките трговци, бизнисмени и универзитетски професори кои добиле виза од сириските амбасади можат да влезат во Сирија.
 
Ред 180:
 
===Венецуела===
Има стотици илјадници, а можеби дури и милион колумбиски имигранти кои живеат во [[Венецуела]]. Во 1995 година, Венецуела најави дека планира да спроведе попис, за да ги лоцира и депортира нелегалните имигранти. Околу 200 000 Колумбијци ја избегнаа граѓанската војна во Колумбија и побараа безбедност во Венецуела. Голем број од нив немаат документи за идентификација и тоа го попречува нивниот пристап до услугите, како и до пазарот на трудот. Владата на Венецуела немаше конкретни политики во однос на бегалците.
 
[[Категорија:Имиграција]]