Финска православна црква: Разлика помеѓу преработките

нема опис на уредувањето
[проверена преработка][проверена преработка]
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
'''Финската Православна црква''' ([[фински]]: ''Suomen ortodoksinen kirkko'') е автономна црква под јурисдикција на [[Цариградската патријаршија]].
 
Христијанството[[Христијанство]]то во денешна [[Финска]] пристигнало преку [[Новгород]], преку православните трговци и монаси, уште кон почетокот на [[12 век]]. Во почетокот, православието било претставувано преку малите манастири. На езерото Ладог бил основан [[Валамски манастир|Валамскиот манастир]]. Во следните векови, [[христијанството]] било целосно проширено. Во времето кога Финска била зазедена од страна на [[Шведска]], дел од православното населениое побегнало во [[Русија]], а дел од нив го прифатило Лутеранството[[Лутеранство]]то. Во времето на [[Петар Велики]], во земјата започнал нов период од историјата на православието. Валамскиот манастир бил повторно обновен, заедно со десетици други манастири.
 
Кон почетокот на [[19 век]], по Руско-шведската војна, помеѓу Шведска и Русија бил склучен договор според кој сферата на влијание на земјата била разделена на два дела. Старите шведски поседи припаднале на Русија. Како резултат од тие промени, бројот на православното население во земјата значително се зголемил. Голем број на православни верници биле населени на овие простори. Црковната управа во Финска била извршувана од страна на митрополитот во Санкт Петерсбург. Во [[1892]] година била основена самостојна епархија во Виборг.
 
По [[Октомвриска револуција|Октомвриската револуција]], Финска добила независност. Во независната држава, православната црква добила статус на државна религија, заедно со лутеранската црква. Во [[1921]] година, московскиот патријарх Тихон и доделил статус на автономна црква. Согледувајќи го хаосот кој се вршел над [[Руска Православна црква|Руската Православна црква]] во Русија, Финската црква се обратила кон [[Цариградската патријаршија]] со молба за признавање. Така, на [[6 јули]] [[1923]] година, Финската Православна црква добила статус на автономна црква со ранг на архиепископија под јурисдикција на [[Цариградската патријаршија]].
Главното седиште на православните христијани било во [[Република Карелија|Карелија]]. По крајот на [[Втортата светска војна]], населението се раселило по целата земја, и со ова биле основани нови парохии. Во [[1950]] година биле основени две епархии, кои ја опфаќале целат земја. За централниот дел од земјата била основена Карелска епархија, а за јужниот, Хелсиншка епархија.
 
Денеска, црквата има ранг на автономна во рамките на Цариградската патријаршија. На чело на црквата се наоѓа архиепископот карелски и на сите Финци, Лав. Црквата денеска има три епархии, 24 парохии и два манасдтира. Црквата го користи грегоријанскиот календар.