Финска православна црква: Разлика помеѓу преработките

нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Кон почетокот на 19 век, по Руско-шведската војна, помеѓу Шведска и Русија бил склучен договор според кој сферата на влијание на земјата била разделена на два дела. Старите шведски поседи припаднале на Русија. Како резултат од тие промени, бројот на православното население во земјата значително се зголемил. Голем број на православни верници биле населени на овие простори. Црковната управа во Финска била извршувана од страна на митрополитот во Санкт Петерсбург. Во 1892 година била основена самостојна епархија во Виборг.
 
По Октомвриската револуција, Финска добила независност. Во независната држава, православната црква добила статус на државна религија, заедно со лутеранската црква. Во 1921 година, московскиот патријарх Тихон и доделил статус на автономна црква. Согледувајќи го хаосот кој се вршел над Руската Православна црква во Русија, Финската црква се обратила кон Цариградската патријаршија со молба за признавање. Така, на 6 јули 1923 година, Финската Православна црква добила статус на автономна црква со ранг на архиепископија под јурисдикција на Цариградската патријаршија.
Главното седиште на православните христијани било во Карелија. По крајот на Втортата светска војна, населението се раселило по целата земја, и со ова биле основани нови парохии. Во 1950 година биле основени две епархии, кои ја опфаќале целат земја. За централниот дел од земјата била основена Карелска епархија, а за јужниот, Хелсиншка епархија.