Рачо Петров: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 18:
По обединувањето на кнежеството [[Бугарија]] и [[Источна Румелија]] (1885), со Указот № 2 на кнезот [[Александар I Батенберг]] издаден на 9 септември е назначен за привремен вршител на должноста началник на Генералштабот на бугарската војска. По завршувањето на [[Српско-бугарска војна|Српско-бугарската војна]] (1885) е назначен за носител началник на штабот на војската. За своето учество во војната е награден со орден "За храброст" II степен. На 1 јануари 1886 година го добил во чинот мајор. Во 1887 година е началник на Военото училиште, а од февруари с.г. Регентството го назначило за началник на привремено формираниот Источен одред во [[Русе]].
 
Рачо Петров учествувал активно во сузбивањето на воените немири во Русе во 1887 година На 24 април 1887 година е назначен за министер за одбрана во владата на [[Стефан Стамболов]], на оваа функцијата останл во втората и третата влада на Константин Стоилов (1894-1896). На 2 август 1888 година го добил во чинот потполковник, а на 2 август 1891 чинот полковник. Во овој период го помага [[Македонски комитет|Македонскиот комитет]] и [[Мелничко востание|Мелничкото востание]]. На 17 ноември 1896 година е унапреден во чинот генерал-мајор, а на 29 ноември истата година е отпуштен од армијата и напуштил министерскиот совет.
 
== Политичка кариера ==