Бесправно доселување: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
категорија и линкови
печатни грешки
Ред 177:
 
===САД===
Се проценува дека во [[САД]] живеат помеѓу 7 и 20 милиони нелегални имигранти, но поради природата на нелегалната имиграција точната бројка не е позната. Проценките на центарот за истражување „Пју “ покажуваат дека во март 2009 година бројот на нелегални имигранти се намалил на 1,1 милион,во однос на максимумот од 12 милиони во март 2007 година. Мнозинството нелегални имигранти потекнуваат од Мексико. Во САД нелегалната имиграција претставува долгогодишен проблем ,кој создаде огромна контроверзија. Економистот Џорџ Х. Борјас (George J. Borjas) од универзитетот Харвард објаснува дека контроверзноста е сконцентрирана во „ огромна прераспределба на богатството од неквалификуваните американски работници кон американските работодавци кои ги користат нелегалните имигранти.” Во 2007 година , претседателот Буш го повика Конгресот да го поддржи неговиот предлог за вработување странски работници, изјавувајќи дека нелегалните имигранти ( вклучувајќи ги лицата со законски постојан престој, бегалци и баратели на азил) прифаќаат работни места кои Американците не би ги прифатиле. Центарот за истражување „Пју” забележа дека од осумдесеттите години од 20 век години бројот на легалните имигранти (вклучувајќи ги законските постојани жители, бегалците и барателите на азил) не се променил значително, додека бројот на нелегалните имигранти драматично се зголемил и од средината на деведесеттите години од 20 век го надминал и бројот на легалните имигранти. Казните за работодавците кои вработуваат нелегални имигранти се движат од $2 000-$ 10 000 и до 6 месеци затворска казна. Меѓутоа, казните за работодавците најчесто не се спроведуваат. Политичките групи како „Американците кои се залагаат за легална имиграција“ (АЛИПАЦ) биле формирани за да се борат против она на кое тие гледаат како на закана од нелегална имиграција, барајќи од САД да ги спроведува законите за имиграција и да ги обезбеди границите. Меѓутоа, АЛИПАЦ исто така повика на гранични премини со „безбедно заминување” каде што нема да се прават криминални проверки за нелегални активности. Неколку земји од САД избрале да ги искористат полицајците како службеници за имиграција.
 
===Венецуела===