Доселување: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 38:
Во меѓувреме, [[Шпанија]] се соочува со сè поголема нелегална имиграција од [[Африка]]. Бидејќи Шпанија е најблиската земја-членка на ЕУ до Африка – таа има дури и два автономни градови (Сеута и Мелила) на африканскиот континент , како и автономна заедница (Канарските Острови) западно од Северна Африка , во Атлантикот - Шпанија е физички е најлесно достапна за емигрантите од Африка. Ова доведе до дебата во рамките на Шпанија и помеѓу Шпанија и другите членки на ЕУ. Шпанија побара помош за гранична контрола од другите членки на ЕУ, а тие одговорија дека Шпанија сама си го донела бранот на африкански нелегални мигранти со тоа што им доделувала амнестија на стотици илјадници непријавени странци.
 
[[Обединетото Кралство]], [[Франција]] и [[Германија]] се соочија со голем број миграции од крајот на Втората светска војна и со децении дебатираат за проблемот. Странските работници беа донесени во овие земји за да помогнат во обновата по војната и многумина останале. Политичките дебати околу имиграцијата обично се фокусираат на статистиката , законот за имиграција и политиката за имиграција и на спроведувањето на постоечките ограничувања. Во некои европски земји, во деведесеттите години од 20 век дебатата била фокусирана на барателите на азил, но рестриктивните политики во рамките на Европската унија , како и намалувањето на вооружените конфликти во Европа и соседните региони, нагло го намалиле бројот на баратели на азил.
 
Некои држави, како [[Јапонија]], се одлучија за технолошки промени со цел да ја зголемат профитабилноста (на пример поголема автоматизација) и донесоа закони за имиграција, особено за да го спречат надоаѓањето на имигрантите и нивното населување во земјата. Меѓутоа, глобализацијата како и ниската стапка на наталитет и стареењето на работната сила ја принудија Јапонија да ја преиспита својата имиграциона политика. Исто така, јапонското колонијално минато претвори во Јапонци значителен број на луѓе кои не потекнуваат од Јапонија. Сепак, Јапонија врши строга контрола на имиграцијата и во 2009 година, покрај широкоградата помош од странство за бегалците, таа им даде политички азил само на 30 луѓе. Јапонскиот министер [[Таро Асо]] ја опиша Јапонија како уникатна, со тоа што е “една нација,една цивилизација,еден јазик ,една култура и една раса.”
Ред 66:
====Израел====
Имиграцијата на Евреите во [[Палестина]] во текот на 19 век беше промовирана од австро-унгарскиот новинар Теодор Херцл (Theodor Herzl) кон крајот на 19 век, по објавувањето на книгата ” Еврејската држава .“ Неговото ционистичко движење се обидуваше да ја охрабри миграцијата на Евреите, или имиграцијата кон Палестина. Неговите поборници на неговата цел гледаат како на самоопределување за еврејскиот народ. Со создавањето на ционистичкото движење
,процентот на Евреите во светот кои живеат во поранешниот британски мандат во Палестина од првичните 25 000 Евреи постојано растеше. Денес, околу 40 % од Евреите во светот живеат во Израел , повеќе отколку во која било друга земја. Израелскиот Закон за враќање на Евреите , донесен во 1950 година, им дава право на оние кои се родени Евреи, (оние кои имаат мајка или баба Еврејка), оние со еврејско потекло (оние кои имаат татко или дедо Евреин) и оние кои го прифатиле Јудаизмот (од православна, реформистичка или конзервативна вероисповед , но не од секуларизам, иако преобратувањето од реформисти и конзервативци мора да се направи надвор од земјата , што е слично со граѓанските бракови), да имигрираат во Израел. Амандманот на законот од 1970 година, ги прошири правата на имиграција на “детето и внукот на Евреинот, брачниот другар на Евреинот, брачниот другар на детето на Евреинот и брачниот другар на внукот на Евреинот.” Од деведесеттите години од 20 век, над милион Евреи од поранешниот Советски Сојуз имигрираа во Израел, а голем број од Евреите од Етиопија со воздушен мост беа пренесени во Израел во “операцијата Мојсеј”. Во последниве години , над 16 000 баратели на азил од Африка влегоа во Израел. Во 1991 година, Израел им помогна на 14 000 имигранти од Етиопија да пристигнат како дел од операцијата “Соломон”.
 
====Јапонија====
[[File:Shibuya night.jpg|thumb|190px|Од сите индустријализирани земји во светот Јапонија има најхомогено население, поради строгата контрола која ја има врз имиграцијата.]]
Во почетокот на деведесеттите години од 20 век, за да се надомести недостатокот од работна сила [[Јапонија]] ги ублажи прилично строгите закони за имиграција за да им овозможи специјални дозволи за влез на странци со јапонско потекло кои живеат во Јужна Америка. Според јапонскиот центар за имиграција , бројот на странски жители во Јапонија постојано се зголемуваше , а бројот на странски жители (вклучувајќи ги постојаните жители , но со исклучок на нелегалните имигранти и краткорочните посетители како што се странските државјани кои престојуваат во Јапонија помалку од 90 денови ) во 2008 година изнесуваше 2,2 милиони. Најголеми групи се Корејците ( јужни и северни), Кинезите (вклучувајќи ги Народна Република Кина, Тајван , Хонг Конг , Макао) и Бразилците ( најголем дел од Бразилците во Јапонија имаат јапонско потекло , поради огромната имиграција на Јапонци кон Бразил во првите децении од 20-тиот век). Веднаш по Втората светска војна, во минатото најголемиот број Корејци во Јапонија беа регрутирани како принудна работна сила за време на војната.
 
Од имигрантите , Јапонија годишно, преку натурализација, прифаќа постојан прилив од 15 000 нови јапонски граѓани. Навистина, според статистиките на Јапонците концептот на етничките групи се разликува од етничкиот попис на Северна Америка или некои западноевропски статистики. На пример, во пописниот формулар на Обединетото Кралство има прашање за етничката или расната припадност која го сочинува населението на Обединетото Кралство, без оглед на нивната националност. Меѓутоа, Заводот за статистика на Јапонија сè уште го нема ова прашање, бидејќи пописот на населението во Јапонија обрнува внимание на националноста на луѓето , а не на нивната етничка припадност, а натурализираните јапонски граѓани и јапонски државјани кои имаат мултиетничка припадност во пописот на населението во Јапонија се сметаат за етнички Јапонци.
Ред 110:
====Канада====
[[File:Chinatown toronto spadina avenue.JPG|thumb|Кинески кварт во центарот на [[Торонто]], [[Онтарио]]. Во март 2005 година, Статистичката служба на Канада предвидува дека до 2012 година населението што претставува малцинство ќе го сочинува мнозинството во Торонто и Ванкувер.]]
Водена од економската политика и повторното обединување на семејството Канада има највисока нето стапка на имиграција по жител во светот и во 2010 година планира меѓу 240 000 и 265 000 нови постојани жители. Во 2001 година во Канада имигрирале 250 640 луѓе. Новодојдените главно се населуваат во големите урбани средини на Торонто, Ванкувер и Монтреал. Од деведесеттите години од 20 век , мнозинството од имигрантите во Канада доаѓаа од Азија. Водечки земји на емиграција во Канада се Кина, Филипините и Индија. Во Канада, доколку некого го обвинат за расизам најчесто се смета за сериозна навреда.Денес, сите политички партии се претпазливи кога го критикуваат високото ниво на имиграција бидејќи, како што се наведува во канадскиот весник “ Глоуб енд Мејл” (Globe & Mail), во раните деведесетти години од 20 век старата реформска партија на Канада беше обележана како “расистичка” бидејќи предложила намалување на нивото на имиграција од 250 000 на 150 000 имигранти.
 
====САД====
[[File:Bundesarchiv Bild 137-050127, USA, Deutsche Einwandererfamilie.jpg|thumb|Германско имигрантско семејство во САД, 1930 година.]]
Историчарите проценуваат дека помалку од 1 милион имигранти- можеби само 400 000- го преминале Атлантикот за време на 17 и 18 век. Во 18 век релативно малку имигранти се доселиле од Англија : само 80 000 имигранти се доселиле помеѓу 1700 и 1775 година, споредено со 350 000 имигранти кои се доселиле за време на 17 век. Освен тоа, помеѓу 17 и 19 век, околу 645 000 Африканци беа донесени на територијата на денешен [[САД]]. Во почетоците на САД имиграцијата изнесуваше помалку од 8 000 луѓе годишно. По 1820 година, имиграцијата постепено растеше. Од 1850 до 1930 година странското население од САД се зголеми од 2,2 милиони на 14,2 милиони имигранти. Во САД , во овој период имаше највисок процент на странци, што во 1890 година го достигна својот врв со 14,7 % . Во текот на овој период, пониските трошоци за патување преку Атлантскиот Океан во однос на времето и цената на превозот го направија преселувањето на имигрантите во САД поповолно отколку во претходните години. Од 1880 до 1924 година, над 25 милиони Европејци мигрираа во САД. По овој период имиграцијата се намали, бидејќи во 1924 година Конгресот го донесе Актот за ограничување на имиграцијата од 1924 година, што беше во прилог на земјите кои се извор на имиграција и кои до 1980 година веќе имале голем број имигранти во САД. Моделите на имиграција од триесеттите години од 20 век беа доминирани од Големата криза и во почетокот на триесеттите години од 20 век поголем број луѓе емигрираа отколку што имигрираа во САД. Во текот на четириесеттите и педесеттите години од 20 век имиграцијата продолжи да се намалува, но потоа повторно се зголеми.
 
Амандманите на законот за имиграција и националност од 1965 година (Hart-Celler Act) ги отстранија ограничувањата на големите сегменти на приливот на имигранти и се зголеми легалната имиграција во САД. Во 2006 година бројот на имигранти достигна рекордни 37,5 милиони. По 2000 година, имиграцијата во САД изнесуваше околу 1,000,000 имигранти годишно. И покрај построгиот граничен надзор по 9/11, од 2000 до 2005 година околу 8 милиони имигранти се населија во САД -повеќе отколку во кој било друг период од 5 години во историјата на земјата. Речиси половина влегоа нелегално. Во 2006 година 1, 27 милиони имигранти добија легален престој. Повеќе од 2 децении, Мексико беше водечки извор на нови жители во САД и од 1998 година Кина, Индија и Филипините секоја година се наоѓаа меѓу првите четири земји кои испраќаа имигранти во САД. САД често се нарекува “мешавина од раси и идеи” (што потекнува од Карл Н. Деџлер, историчар и автор на делото “Од нашето минато” , (Carl N. Degler, “Out of our Past”)) и е назив кој потекнува од богатата традиција на имигранти во Соединетите Американски Држави, кои доаѓале во САД во потрага по нешто подобро и ги мешале и приклучувале своите култури кон структурата на земјата.