Албанска православна црква: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 19:
 
Пред Втората светска војна во земјата имало 354 цркви и 300 параклиси, 370 парохиски свештеници, 2 семинарии и 28 манастири. Кога владиката Анастасиј пристигнал во земјата, од свештениците живи биле само 15 и сите тие биле стари и болни. Во земјата не постоел ниту еден манастир. Во првите месеци по доаѓањето на Архиепископот, литургијата се служела под отворено небо, бидејќи немало ниту еден храм со целосен покрив.
 
Денес во Албанија се ракоположени 4 архиереи, 144 свештеници и ѓакони, во кои живеат 5 манастири, изградени се 85 нови храмови, 75 се возобновени и 150 поправени. Во тркот на независноста биле отворени и 12 православни детски градинки во разни градови, православно училиште во Ѓирокастро и Богословска академија во Драч, дијагностички центар во Тирана, црковна радиостаница со 24-часовна програма, весници и списанија, издаваштво во кое, покрај другото, е преведена и издадена Библијата на албански јазик, создадени се иконописно ателје и реставрационо ателје, итн.