Албанска православна црква: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 12:
 
Со востановувањето на [[Комунизам|комунистичкиот режим]] во Албанија започнал тежок период за верниците. На [[4 април]] [[1967]] година било забрането какво и да е богослужење, а Албанија била прогласена за атеистичка држава. Во текот на тој период биле разрушени стотици цркви и манастири, клириците биле казнувани со затвор или прогонство, многумина примиле маченичка смрт, меѓу кои бил и архиепископот Висарион и викарниот епископ Аполониски Иринеј. Според законот, за служење литургија свештеникот бил стрелан. Мирјаните биле казнувани со затвор затоа што се осмелувале да ги крстат своите деца. Луѓето биле подложувани на репресии дури и заради чување икони во својот дом. Во резултат на децении жестоко истребување, Православната Црква во Албанија била речиси целосно уништена.
 
=== Црквата денес ===
 
 
Во јануари 1991 година, Цариградскиот патријарх го назначил митрополитот Анастасиј (Јанулатос) за патријаршиски егзарх во Албанија. На 24 јуни 1992 година, Светиот Синод на Албанската Православна Црква го избрал за Архиепископ на Тирана и на цела Албанија.
 
Пред Втората светска војна во земјата имало 354 цркви и 300 параклиси, 370 парохиски свештеници, 2 семинарии и 28 манастири. Кога владиката Анастасиј пристигнал во земјата, од свештениците живи биле само 15 и сите тие биле стари и болни. Во земјата не постоел ниту еден манастир. Во првите месеци по доаѓањето на Архиепископот, литургијата се служела под отворено небо, бидејќи немало ниту еден храм со целосен покрив.