Албанска православна црква: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 10:
 
== Основање ==
 
Со востановувањето на комунистичкиот режим во Албанија започнал тежок период за верниците. На 4 април 1967 година било забрането какво и да е богослужење, а Албанија била прогласена за атеистичка држава. Во текот на тој период билр разрушени стотици цркви и манастири, клириците биле казнувани со затвор или прогонство, многумина примиле маченичка смрт, меѓу кои бил и архиепископот Висарион и викарниот епископ Аполониски Иринеј. Според законот, за служење литургија свештеникот бил стрелан. Мирјаните биле казнувани со затвор затоа што се осмелувале да ги крстат своите деца. Луѓето биле подложувани на репресии дури и заради чување икони во својот дом. Во резултат на децении жестоко истребување, Православната Црква во Албанија била речиси целосно уништена.