Кипарска православна црква: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нс
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
Кипарската Православна црква (грчки Ορθόδοξη Εκκλησία της Κύπρου) е автокефална црква, и во православниот свет се наоѓа на десетото место. Има ранг на архиепископија.
 
Според преданијата, христијанството во Кипар прв го проповедал апостол Варнава во 45 година. Во 45 година, апостолите Павле и Варнава (според Католичката енциклопедија, тој бил роден на островот) отишле на Кипар и стигнале до Пафос проповедајќи го Словото на Христа. Варнава се вратил на островот по римските прогони, каде што станал епископ задолжен за ширењето на христијанството на островот. Во времето на царот Зинон, кога бил одржан Халкидонскиот Собор, според христијанските верувања, апостолот му се јавил на Кипарскиот архиепископ Антим, и тоа трипати во три ноќи, и му го објавил својот гроб. По јавувањето и откривањето на моштите на апостол Варнава била основена Кипарската Црква, како апостолска, односно денешната автокефална црква.
 
Во почетокот, црквата била под управа на Антиохиската црква. Во 431 година станала автокефална црква. Во 6 век земјата била зазедена од Арапите, и ослободена во 965 година.