Михаил Сарафов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 14:
== Биографија ==
Михаил Сарафов е роден на 26 февруари (14 февруари стар стил) 1854 година во [[Трново]]. Брат е на генералот Иван Сарафов и докторот Георги Сарафов. Првично учел во родниот град, а во 1875 година завршил гимназија во [[Загреб]]. Потоа учествувал во работата на [[Бугарски револуционерен централен комитет |Бугарскиот револуционерен централен комитет ]] во [[Букурешт]] и во раководството на револуционерниот комитет во [[Трново]], каде бил учител во периодот меѓу 1875-1876 година. Бил уапсен за кратко, по што ја напуштил земјата и ги посетува универзитетите во [[Загреб]], [[Минхен]] и [[Париз]] <ref>Ташев, Ташо. Министрите на България 1879-1999. София, АИ „Проф. Марин Дринов“ / Изд. на МО, 1999.</ref>.
[[Податотека:Mihail Sarafov girl school Solun 1895.JPG|мини|лево|300п|Михаил Сарафов (во центарот) со првиот женски клас при гимназија во Солун 1895-1896 година]]
 
По враќањето во Бугарија, Михаил Сарафов бил поставен за министер за народното просветителство во владата на [[Петко Каравелов]] (1880-1881). За време на ''Режимот на полномошното'' (1881-1883) го предводел новоформираниот ''Заводот за статистика'' при Министерството за финансии, на таа функција го организирал првиот попис во Бугарија. Во 1884 година е министер за финансии во владата на [[Цанков Драган]]. Во истата година станал член на ''Бугарското книжевно друштво'' (БКД).