Елизабета Баварска: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 37:
Елизабет држела строга и драконска исхрана и имала режим на вежбање за да ја одржува својата половина од 50 центиметри, доведувајќи се некогаш и до изгладнување. Тоа се случувало години пред симптомите да се класифицираат како класичен случај на Anorexia nervosa.
Наводно еден од љубовниците бил Џорџ „Беј“ Мидлтон, згоден Англо-Шкот. Него го именувале и како веројатниот љубовник на Хенриета Бланш Хозиер и како татко на Клементина Огилви Хозиер (сопругата на Винстон Черчил). До одреден степен Елизабет ја толерирала аферата на нејзиниот сопруг Франц Јозеф со актерата Катарина Шрат.
[[File:Empress Elisabeth of Austria, 1864.jpg|thumb|left|<center>Elisabeth 1864<br> by [[Franz Xaver Winterhalter]]]]
Императорката пишувала поезија („Nordseelieder“ и „Winterlieder“, обете инспирација од нејзиниот омилен германски поет, Хајнрих Хајне). Бидејќи во поезијата внесувала фантазија, себеси се нарекувала Титанија, Шекспирова Самовилска Кралица. Повеќето од нејзината поезија е поврзана со нејзините патувања, со класични грчки и романтични теми и иронични коментари за Хабсбуршката династија. Во тие години Елизабет интензивно студирала древен и модерен грчки, и се заокупирала со Илијада и Одисеја на Хомер. Бројни грчки предавачи, како Маринаки, Христоманос и Баркер, ја придружувале Императорката на нејзините долги прошетки додека и читале на грчки.
 
Во 1889, животот на Елизабет бил растресен од смртта на нејзиниот единствен син. Триесет-годишниот Принц Рудолф и неговата млада љубовница Баронка Мари Вецера биле пронајдени мртви; истрагата сугерирала дека е случај убиство-самоубиство. Скандалот е познат како инцидентот Мајерлинг, според ловчиската викендичка на Рудолф во долна Австрија, каде и биле пронајдени.
Сензационалната смрт на Рудолф го зголемила јавниот интерес за Елизабет, и продолжила да биде еден вид икона, сензација каде и да отишла. Носела долг црн фустан кој можел да се закопчува до вратот, бел парасол направен од кожа и кафен вел да и го крие лицето од љубопитните. Само неколку фотографии постојат од Елизабет во нејзините последни години, од фотографи доволно среќни кои ја фаќале неспремна.
 
Елизабет поминала кратко време со сопругот во главниот град на Австрија, Виена. Нивната комуникација се зголемила во последните години, и односот им прераснал во топло пријателство. На нејзиниот империјален параброд Мирамар императорката Елизабет патувала низ Средоземното море. Нејзините омилени места биле ‘Ртот Мартин на француската ривиера, каде туризмот се појавил во втората половина од 19-тиот век; езерото Женева во Швајцарија; Бад Ишл во Австрија, каде империјалната двојка ги поминувала летата; и Корфу. Императорката посетувала и земји во кои ниедна северна благородничка не одела во тоа време: Португалија, Шпанија, Мароко, Алжир, Малта, Турција и Египет. Бексрајните патувања станале еден вид бегство од неа самата и нејзината мизерија.