Козма Пречистански: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 13:
== Биографија ==
Роден е со световното име Константин околу 1835 година во кичевска село [[Орланци]], тогаш во [[Отоманската империја]]. Студирал во [[Велес]] при [[Јордан Хаџи Константинов-Џинот]], а потоа во [[Крушево]], во [[Битола]] при [[Рајко Жинзифов]] и во [[Скопје]]. Станува јероѓакон во кичевска манастир, потоа архимандрит, а од 1873 година и игуменот на манастирот. Спроведува реформи во манастирското училиште и води борба против грчкото влијание.
 
Во 1874 година е наклеветен од гркоманите пред турските властите и е заточен во [[Света Гора]]. Ослободен е во 1876 година и станува архивар и ефимериј при [[Бугарската Егзархија]] во [[Цариград]]. По ослободувањето на Бугарија во 1878 година станува егзархиски намесникот во главниот град на [[Источна Румелија]], [[Пловдив]].
 
На 7 април 1878 година, потпишал за Дебарска епархија (заедно со Димитар Попов за Костурско и Мегленско, Наум Спространов за Охридско и архимандрит Теодосиј за Драмско и Серско), барање до големиот кнез Николај Николаевич, во кое се отфрлаат тврдењата за грчкиот карактер на населението во Македонија и се бара влез на руски војници во Македонија:
 
Во 1881 година егзархиски намесникот Методиј Кусев успеал да ја добие помошта на драгоманот при руското конзулатство во Солун, Наум Спространов, за да може архимандрит Козма Пречистански да биде избран за претседател на Солунската општина<ref>Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877-1878. Том първи, книга първа, стр. 11.</ref>. Козма се пресели во Солун, каде што 7 години предавал во новооснованата Солунска бугарска машка гимназија. Од 1888 до 1897 година е на чело на општините во Дебар и Битола. На 21 декември 1897 година е избран за Дебарско митрополит, позиција на која останал до 1913 година, кога е избркан од новите српски власти.
 
Во текот на [[Првата светска војна]], кога бугарската војска навлегла во [[Вардарска Македонија]], Козма Дебарско се вратил во својата епархијата. Починал во 1916 година <ref>Енциклопедия България, том 3, Издателство на БАН, София, 1982.</ref><ref>[http://www.kroraina.com/knigi/im_statii/im_s5h.html Иван Михайлов. Как се бранеше народа. В Кичево]</ref>.
 
==Извори==