Разлика помеѓу преработките на „Бесправно доселување“

нема опис на уредувањето
Се проценува дека во [[САД]] живеат помеѓу 7 и 20 милиони нелегални имигранти, но поради природата на нелегалната имиграција точната бројка не е позната. Проценките на центарот за истражување „Пју “ покажуваат дека во март 2009 година бројот на нелегални имигранти се намалил на 1,1 милион,во однос на максимумот од 12 милиони во март 2007 година. Мнозинството нелегални имигранти потекнуваат од Мексико. Во САД нелегалната имиграција претставува долгогодишен проблем ,кој создаде огромна контроверзија. Економистот Џорџ Х. Борјас од универзитетот Харвард објаснува дека контроверзноста е насочена кон „ огромна прераспределба на богатството настрана од неквалификуваните американски работници па се до американски работодавци кои ги искористуваат нелегалните имигранти.” Во 2007 година , претседателот Буш го повика Конгресот да го поддржи неговиот предлог за вработување странски работници, изјавувајќи дека нелегалните имигранти ( вклучувајќи ги лицата со законски постојан престој, бегалци и баратели на азил) прифаќаат работни места кои американците не би ги прифатиле. Центарот за истражување „Пју” забележа дека од осумдесеттите години бројот на легалните имигранти не се променил значително, додека бројот на нелегалните имигранти драматично се зголемил и од средината на деведесеттите го надминал и бројот на легалните имигранти. Казните за работодавците кои вработуваат нелегални имигранти се движат од $2 000-$ 10 000 и до 6 месеци затворска казна. Меѓутоа, казните за работодавците најчесто не се спроведуваат. Политичките групи како Американците кои се залагаат за легална имиграција (АЛИПАЦ) биле формирани за да се борат против она за кое сметаат дека претставува закана од нелегална имиграција, барајќи од САД да спроведе закони за имиграција и да ги обезбеди границите. Меѓутоа, АЛИПАЦ исто така повика на гранични премини со „безбедно заминување” каде што нема да се прават криминални проверки за нелегални активности. Неколку земји од САД избрале да ги искористат полицајците како службеници за имиграција.
 
====Порторико====
===Венецуела===
Има стотици илјадници, а можеби дури и милион колумбиски имигранти кои живеат во [[Венецуела]]. Во 1995 година, Венецуела најави дека планира да спроведе попис, за да ги лоцира и депортира нелегалните имигранти. Околу 200 000 Колумбијци ја избегнаа граѓанската војна во Колумбија и побараа безбедност во Венецуела. Голем број од нив немаат документи за идентификација и тоа го попречува нивниот пристап до услугите, како и до пазарот на трудот. Владата на Венецуела немаше конкретни политики во однос на бегалците.
89

уредувања